„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

Серафимовски: Станбените цени растат, но реалноста е поинаква

15.04.2025

Гостување на ТВ Телма на претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите, Андреа Серафимовски

Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали, гостуваше во утринската програма на ТВ Телма каде зборуваше за актуелните движења на пазарот со недвижности.

Според податоците од Народната банка, индексот на цените на становите во првиот квартал од 2025 година бележи раст од 7,2% во однос на истиот период лани. Годишната стапка на промена, пак, за првиот квартал во споредба со првиот квартал од 2024 година изнесува дури 19,4%. За споредба, во целата 2024 година, цените пораснале за 8,7% во однос на 2023, додека во 2023 пораснале за 12,2% во однос на 2022 година – податоци кои се однесуваат исклучиво на Скопје и согласно објавени огласи, но не и на продадени станови. Последниот поголем скок бил забележан кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година.

Серафимовски истакна дека во Здружението редовно се следат и анализираат цените на градежните материјали, кои се основа за процена на движењата на цената по метар квадратен. Сепак, според него, постои отстапување меѓу статистиката и реалната состојба на терен – продавачите често ја поставуваат највисоката можна цена за да го тестираат интересот и платежната моќ на купувачите.