„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
29.06.2022
Стручното образование и обука е синоним за обезбедување стручни вештини и компетенции кај учениците, а феријалната практика е клучна за да може средното стручно образование да има квалитет. Феријалната практика овозможува развој на различни практични вештини кај учениците и ги проширува нивните хоризонти во контекст на идно нивно професионално позиционирање.
Феријалната практика се реализира во текот на летниот период, а компанијата „Брако“ од Велес, веќе ја започна реализацијата на феријалната практика со учениците од втора година од ССОУ „Коле Неделковски“, Велес, за квалификацијата Техничар за производно машинство.
Компанијата „Брако“ во соработка со ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес се вклучи во обезбедување кадар преку дуалниот модел на образование, кој посебен акцент става токму на практичната обука во компаниите. Учениците преку овој модел на образование, низ комбинација на теорија, што се изучува во училишната средина и пракса, која се реализира во реална работна средина во компанија, ќе бидат идниот обучен кадар, подготвен да се вклучи во производствените технолошки процеси во самата компанија.
Компанијата „Брако“, покрај тоа што вложува во современа технологија, машини и опрема на која учениците ја реализираат практичната обука, е верифицирана за реализација на практична обука и поседува обучен и сертифициран ментор за практична обука на учениците.