„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Кризен штаб

ПОДРШКА ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

11.01.2023

За спроведување на активностите поврзани со оперативното работење во Комората се формираше Кризен штаб на Комората со основна цел да им се даде максимална поддршка на компаниите во кризната ситуација, преку обезбедување на континуирана достапност до информации и преземање на активности поврзани за полесно поминување низ кризниот период.

Комората целиот изминат период во директна линија и преговори со Владата работи на ублажување на енергетската криза и носење на мерки со кои ќе се помогне на стопанството.

Кризниот штаб на Комората оперативно започна со своите активности на 21 септември 2022 година и беше  24/7 на раполагање нa компаниите членки на Комората во следниот состав:

- д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, шеф на Кризниот штаб,
- м-р Анета Трајковска, заменик-шеф на Кризниот штаб,
- м-р Антонета Манова Ставреска, секретар на Кризниот штаб

Кризниот штаб на СКСМ во овој состав заврши со своите активности на 10 јануари 2023 година при што:

беа реализирани состаноци и средби со повеќе од 50 компании,
беа oбјавени 60-тина информации на коморскиот сајт и социјалните медиуми,
имавме организација и подготовка на соопштенија за јавност и изјави за медиуми,
беа реализирани повеќе средби со министерот за економија, Крешник  Бектеши, средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и остварена секојдневна комуникација со претставници од релевантни државни домашни и странски институции во врска со прашањата и иницијативите поврзани за електричната енергија,
во наша заедничка организација со Развојна банка на РСМ беше одржана презентација пред 50-тина заинтересирани компании за услугите и поддршката која Развојната банка ја нуди за справување на компаниите со енергетската криза,
беа подготвени и доставени десетина мислења, иницијативи и предлози до надлежните институции поврзани со прашањата за енергетската криза...

Нашата основна улога за постоење е поддршка на компаниите преку разни облици на делување, па оттука сакаме да ги увериме сите наши членки дека како и до сега така и во следниот период Стопанската комора на Северна Македонија секогаш ќе превзема активности и чекори во насока на заштита и поддршка на стопанството.

За сите потрeбни информации поврзани со енергетската криза, од 11 јануари 2023 година, компаниите можат да се обратат кај Стручната служба на Стопанската комора на Северна Македонија.