На 10-тиот јубилеен роденден на приватното средно училиште САБА во Штип, Регионалната комора од Штип доби благодарница за значителен придонес во напредокот на образованието на учениците и училиштето.
Регионалната комора е препознаена од средното училиште САБА во Штип како мост меѓу образовните институции и бизнис секторот, што е клучно за создавање на нови можности и зајакнување на нашата заедница. Комората е активно вклучена во поврзување на учениците на САБА со успешни локални компании каде се реализира пракса.
Настанот беше одлична можност за сите присутни да ги споделат своите позитивни искуства и да се информираат за идните планови и активности на училиштето. Прославата ги обедини сегашните и поранешните ученици, професори, координатори, стручни соработници, родители и пријатели на училиштето.