„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА Е ПЕРСПЕКТИВАТА НА БИЗНИСОТ, НО БАРИЕРИ СЕУШТЕ ПРИСУТНИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

21.05.2024

ЕКОНОМСКИ ФОРУМ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ВО ВАШИНГТОН

Трансатлантската мрежа на лидери и Европскиот центар на Атлантскиот совет од Вашингтон организира дводневен економски форум на Југоисточна Европа, кој се одржува во Конгресот на САД.

Претставници на стопанските комори од Западен Балкан, експерти, владини претставници, разговараат за начините за подобрување на регионалната и трансатлантската соработка во целост, а осврт е даден посебно на енергетиката, банкарството и туризмот. Форумот иницира и дискусија за прашања околу реформи во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Форумот почна со панел дискусија со учесници од шесте комори од Западен Балкан, за регионалната соработка, на тема „како да се премостат бариерите и како да се. Зборувајќи за зголемување на соработката во рамки на регионот на Западен Балкан, беше акцентирано дека треба да се следи слоганот на Коморскиот инвестициски форум – OneRegionOneMarket, бидејќи сега соработката и економскиот раст во рамки на регионот не се зголемува со очекуваната динамика, а главно трговијата се заснова на трговија со ресурси, а не готов производ со додадена вредност.
Во таа насока нужно е да се работи на остварување на поголема трговска интеграција, а регионалната и меѓународна активост е неопходна за фирмите во Земјите од Западен Балкан, истакна Даниела Михајловска Василевска, како претставник на Форумот од Стопанската комора на Северна Македонија. За постигнување на овие цели неопходно е:
  • структурни реформи за зголемување на продуктивноста, бидејќи ниската продуктивност е карактеристика на регионот на Западен Балкан.
  • намалување на политичките тензии и понатаму претставуваат пречка бидејќи слабата регионална соработка изразена преку трговијата претставуваат ризик за регионална интеграција и економски развој на регионот.
Најголемите предизвици како што посочи Михајловска Василевска, со кои се соочуваат претпријатијата во регионот, што во основа претставуваат и нивни клучни потреби кон кои треба да се насочат политиките се поврзани со:
  1. Вештините кои во прв ред се поврзани со специјализација и дигитализација на производството и останатите процеси. Со цел обезбедување на соодветен кадар, покрај реформи во образованието неопходно е да се зголеми мобилноста на работната сила во рамки на регионот, обезбедување на меѓусебно признавање на професионалните квалификации и олеснето добивање на работни дозволи, во услови на  изразени демографски промени поради помалиот прираст и иселувањето на младото и образовано население.
  2. Интернационализација, бидејќи за олеснувањето на пристапот до стански пазари и зголемување на конкурентноста покрај многуте проблеми и пречки кои треба да бидат решени т.е. надминати,  најголема бариера е лошата инфраструктура која влијае демотивациски за инвеститорите да вложуваат. Според индексот на Светска банка за логистика 2012-2018, кој цени развиеност на инфраструктурата, царинските постапки и логистиката, земјите од регионот на Западен Балкан се многу ниско рангирани.
И натаму останува клучен предизвик да се создаде ефикасно и непречено функционирање на транспортниот систем во регионот на Западен Балкан и преку отворање на пазарот за железнички транспорт и создавање на конкурентен, сигурен и безбеден транспортен систем. Користењето на железницата мора да се комбинира со патниот сообраќај, поради специфичните предности кои ги има. Бариера за трговија во Западен Балкан се бројот на гранични премини и царинските постапки, како и други нетарифни бариери. Потребно е целосно усогласување на регулативата преку елиминирање на дозволи за увоз, елиминирање на сите барања на податоци кои не се во согласност со меѓународните препораки и договори. Потребно е да нема гранични премини.
 
Излагањето на Михајловска Василевска беше пренесено од државната агенција на Босна и Херцеговина (ФЕНА), и пренесено истовремено од повеќе медиуми - https://www.fena.ba/article/1579937/mihajlovska-vasilevska-bez-regionalne-saradnje-ne-moze-se-ici-u-evropsku-uniju
На Форумот претставници на стопанските комори на сите земји од Западен Балкан ќе потпишат протокол за соработка со САД во областа на туризмот.
Во рамките на Форумот, организаторите реализираа прием и гала вечера на која учествуваа американскиот конгресмен Нил Дан,заменик-помошникот државен секретар на американското Министерство за финансии Ворен Рајан, а говор одржа и вршителот на должноста заменик помошник државен секретар за Стејт департментот Колин Хајланд.
Во работата на дводневниот Форум учествуваат и претставници на УСАИД Вилсон Центар, НДИ, ИРИ, Центар за напредни безбедносни студии.
Американскиот сенатор Џин Шахин и конгресменот Џон Муленар дадоа поддршка за овој проект, во кој учествуваат претставници на американската администрација, како и претставници на американската деловна заедница.