„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од компаниите

НАТО го регистрира БРАКО како потенцијален снабдувач, велешката фабрика ќе се обиде да и продаде македонски производи на Алијансата

14.08.2023

НАТО ја регистрира велешката фабрика БРАКО како потенцијален снабдувач за своите потреби и македонската фабрика во следниот период ќе се обиде да му продаде македонски производи на воениот сојуз.

БРАКО се надева дека ќе биде прва македонска фирма која ќе успее да добие тендер за снабдување на НАТО војската. БРАКО, за војниците и базите на НАТО, ќе понуди контејнерски системи за кампови и полски болници, медицинска опрема, возила за чистење на воените бази, приколки за транспорт и различни видови на безбедносна жица.
Северна Македонија не може да конкурира во светската воената индустрија на оружје, но секако може да биде испорачател на текстилни производи, униформи, храна, кондиторски производи, како и производи од металопреработувачката индустрија по примерот на БРАКО.