„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР – РЕЦЕПТ ЗА УСПЕХ

10.05.2024

Отворен ден на УКЛО на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Во рамките на настанот ОТВОРЕН ДЕН „УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ-ПОВЕЌЕ ОД ОБРАЗОВАНИЕ“ што го организираше Универзитетот „Св. Климент Охридски“ , Битола, во Охрид, беа  организирани две панел дискусии под мотото „Повеќе од образование“.  
Настанот беше модериран од страна на проректорот за студенски стандард, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, која во своето обраќање повика на партиципативен пристап и активно партнерство на сите чинители за квалитетно образование и за научни истражувања, кој ќе обезбедат простор за студентите и за младите да останат во својата земја и да ги стават на располање своето знење и вештини за развој и прогрес на македонската економија и општеството во целост.
На првата панел дискусија насловена како „Студентите можат“ учесници беа најдобрите студенти од Факултетот за безбедност, Скопје; Педагошкиот факултет, Битола и Факултетот за туризам и угостителство, Охрид кои се во рамките на Универзитетот кои дадоа свое гледање што значи да си Амбасадор на еден ден, или да бидеш талентиран студент, што ги поттикнало да напишат свој труд и да бидеш најдобар со своите кулинарски вештини кои се стекнати на факултетот.
На втората панел дискусија насловена како „Повеќе од образование“  во својство на говорници учествуваа: Ректорот на универзитетот, проф. д-р Игор Неделковски; претседателот на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките при Стопанската комора на Македонија, м-р Наташа Јаневска; заменик градоначалникот на општина Охрид, Перчо Божиновски; деканот  на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид, проф. д-р Снежана Дичевска, и деканот на Економскиот факултет - Прилеп, проф. д-р Драгица Оџаклиевска.
Ректорот на факултетот, проф. Д-р Неделковски, потенцираше дека студентите самите го направиле изборот да студираат на високото образование затоа што тоа не е задолжително и  високообразовните институции покрај знаењата и стручните вештини, студентите стекнуваат и универзални вештини. Ректорот потенцираше дека струдентите треба секогаш да се стремат да бидат најдоби во сè, како што е примерот со студентите од Факултетот за туризам и угостителство кои на минатогодишниот напревар во кулинарство во Истанбул, Турција, во натпревар со неколкуте стотици студенти од светот го освоија првото место. Но, тоа може да се постигне само со заедничка соработка со сите , а посебно со локалните самоуправи кои гравитираат околу Уиверзитетот.
Во своето обраќање м-р Јаневска,  истакна дека значењето на бизнисот најчесто се гледа низ призмата на финансиската вредност и квалитетот на производите и услугите што ги нуди што придинесуваат за економски и општествен развој на државата. Но за да може да ги реалиизра своите цели, да генерира промени или успешно да се адаптира кон промените, на бизнисот му се потребни и квалитетни човечки ресурси. А тоа може да се овозможи преку врската и соработката меѓу бизнисот и образованието. 
„Затоа е значајно вклучувањето на бизнис заедницата да учествува во стандардизирањето на квалификациите заедно со високообразовните иституции, во изработката на студиските програми, бидејќи самите се најупатени какви знаења, вештини и компетенции им се потребни, но истовремено ги мотивира и ги оспособува студентите за нивниот живот и ја исцртува нивната кариера преку обезбедување релевантна квалитетна практична обука и научни истражувања за создавање компетентни и стручни кадри кои ќе го влечат напред научно-технолошкиот развој и на крај, да ги апсорбира дипломираните стручни кадри“, потенцираше Јаневска.
Според Јаневска, за да може соработката да фунционира потребно е да се се потпира на три принципи: (1) принципот на функционалност - што значи тоа што испорачува високото образование како продукт мора да биде применливо; (2) принципот на адаптибилност- знаењата и вештините што ги стекнуваат студентите преку мобилноста да го применат и прилагодат кај нас и (3) принципот на одржливост – она што ќе се воспостави како систем мора успешно да функционира и да се обезбеди квалитет.
   
Деканите на Факултетот за туризам и угостителство и Економскиот факултет презентираа добри практики за соработката со реалниот сектор и со локалната самоуправа. 
Овој настан е продолжение на предходните два настани – Отворени денови. Првиот отворен ден беше реализиран во април 2023 година во Битола, насловен како „УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ – НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ“ каде фокусот бил ставен на можностите за вмрежување и на младите дома, а вториот отворен ден беше реализиран во октомври 2023 година во Прилеп, насловен како „УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ – СОРАБОТКА НА ДЕЛО“, каде фокусот бил ставен на вмрежување и придонес во развојот на локалната заедница.
Третиот отворен ден претставува и дел од универзитетската алијанса КОЛОРС. На настанот присуствуваа претставници од јавите институции, бизнис заедницата, Стопанската комора, граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и ученици од средните училишта во Охрид.