„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ДОБРО ОБУЧЕНИ ВРАБОТЕНИ- ПОЗИТИВНИ ТРЕНДОВИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА

26.04.2024

Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и на обуките при Стопанската комора, со поддршка на Бизнис центарот за тренинг и за обуки ДООЕЛ, Скопје, ја реализираше четвртата обука програната „Обука за обучувачи“. Обуката се реализираше на барање на компанијата Рудник „САСА“, Македонска Каменица која е ориентирана кон континуирано креирање нови организациски визии и отворање патишта кон нивно остварување преку развој и градење стручни и обучени тимови. 
Обуката за програмата „Обука за обучувачи“ составена од 9 модули, која ја следеше четвртата група на вработените од компанијата, се реализираше во траење од три дена и тоа 22, 23 и 25 април 20204 одина. Обучувач на програмата е д-р Соња Ристовска, а преку програмата „Обука за обучувачи“, компанијата Рудник „САСА“ обезбедува интерни обучувачи кои кои ќе им ги пренесуваат на вработените своите новостекнати знаења и вештини, ќе ги менторираат и ќе ги охрабруваат за работа во променети околности, ќе даваат поддршка преку своите активности во надминување на јазот меѓу потребите на работното место и знаењата што треба да ги поседуваат нововработените и ќе обезбедуваат континуитет во развивањето на вештините на вработените во контекст на новонастанатите технолошки процеси.