„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ПРЕКУ ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈA ДО ПОТРЕБНИОТ КАДАР

15.02.2023

Во организација на Советот за развој на тренингот и обуките при Стопанската комора,  со поддршка на Бизнис центарот за тренинг и обука, понудувач на услуги за образование на возрасните, а во соработка со фирмата Депет ДОО, Скопје, денеска започна тримесечната обука според посебната програма за возрасни за стекнување на квалификацијата Пекар.

Обуката се спроведува според Програмa, верификуванa од страна на Центарот за образование на возрасните, а изработена на барање на фирмата Депет ДОО, Скопје, членка на Комората, каде што ќе се реализира и практичната обука.  На овој начин компаниите каде се реализира практичната обука  го обучуваат кадарот според нивните потреби, машини и опрема, а со тоа имаат можност да го препознаат квалитетниот кадар и да обезбедат нови вработувања согласно нивните потреби.

По завршување на обуката учесниците по полагањето на завршниот испит, се стекнуваат со сертификат како доказ за стекнатата квалификација, а дел од нив ќе се вработаат во фирмата Депет ДОО, каде ја реализираат практичната обука.

Учесниците за обуката беа обезбедени од Агенцијата за вработување, а обуката е една од мерките во Оперативниот план за вработување.  

Со процесот на обуки за преквалификација, активност на која работи Комората, ќе се овозможи на побрз начин да се обезбеди потребниот кадар за компаниите и ќе придонесе кон намалување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на вештини и квалификации.