„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ НА СРЕДБИ СО КОМПАНИИ ДЕЛ ОД ЈАПОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА

07.03.2024

Македонските компании остварија директни средби со компании кои беа дел од јапонската делегација за време на настанот на иницијатива на Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО) во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Реномирани компании од Јапонија кои работат во енергетскиот и градежениот сектор, дигитализацијата, фармација, прехранбен и земјоделски сектор, роботика, автомобилска индустрија и авијација, од кои дел со претставништво во европските земји го искажаа својот интерес за соработка во инвестиции, трговија и развој на иновации со македонските компании.

Извршниот директор на Комората, господинот Антони Пешев, во својот поздравен говор искажа поддршка за продлабочување на деловните активности помеѓу Јапонија и Северна Македонија. Помеѓу двете пријателски земји веќе постои соработка, но и значаен потенцијал за зајакнување на истата и создавање на нови партнерства во брзорастечките сектори кои бараат од една страна развој на иновации и знаење, а од друга страна квалитетни човечки ресурси и пристап на европскиот пазар. Негувањето на соработката помеѓу Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО) и Стопанската комора на Северна Македонија ќе биде клучна во процесот на остварување на нови партнерства за македонските компании, но и стекнување на знаења за најновите технологии.