„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
22.02.2024
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија кој годинава е и претседател на Асоцијацијата на балкански комори (АБК), Бранко Азески во Брисел имаше работен ручек со Жорж-Луи Бушез, претседател на владејачката партија Реформистичко движење (Mouvement réformateur-MR). Средбата се одржа во седиштето на партијата, каде присуствуваше и Марија Кумбароска, претставникот на Стопанската комора во Брисел.
На средбата се разговараше за неколку прашања, вклучувајќи ги и моменталните односи помеѓу Белгија како претседавач на Европската Унија и Балканските земји. Се констатира дека за бизнисите на двете страни е битно да се помогне на Асоцијацијата на балкански комори во земјоделието и во судството, за да не се изгуби драгоцено време во подготовките за отпочнувањето на преговорите.
Договорено е и организирање на средба помеѓу американските бизнисмени со потекло од Македонија и Бизнис советот на Балканскиот коморски инвестициски форум во Брисел во јуни, која ќе стане традиционален настан. Исто така, утврдена е соработка на инвеститорите од Бенелукс и Балканот.