„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
09.02.2024
„Новиот План за раст претставува нова пресвртница во пристапот на ЕУ кон економиите на Западен Балкан, ветувајќи отворање дополнителни можности за пристап до единствениот пазар на ЕУ за нашите компании многу пред пристапувањето во Европската унија, а ние сме благодарни за дадената можност, активно да се вклучиме во процесот на идентификација на приоритетните акции за интеграција на единствениот пазар на ЕУ во рамките на првиот столб на Планот за раст. На бизнисите од Западен Балкан ќе им треба поддршка да се подготват за пазарните притисоци на Единствениот пазар. Подготвени сме и понатаму да работиме со компаниите во овој процес, во продолжение на Програмата за регионален развој на добавувачи во рамките на Заедничкиот регионален пазар, според кој во последните три години повеќе од 6.500 компании од Западен Балкан имаа корист од нашите активности за промоција на трговијата и добија индивидуална, прилагодена поддршка.