„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ОДЛУКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА, БРАНКО АЗЕСКИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА РЕГИОНАЛЕН ХАБ ЗА ЦИРКУЛАРНА И ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА

29.01.2024

Тргнувајќи од фактот што целиот Балкански регион се соочува со слични предизвици во делот на исполнување на барањата, регулативите и стандардите во областа на циркуларната економија и заштитата на животната средина како предуслов за целосно интегрирање кон заедничкиот ЕУ пазар и тргнувајќи од адресираните потреби на бизнис секторот во регионот за зелена трансформација преку воведување на нови иновативни технологии и паметно користење на ресурсите и ре-употреба на материјалите преку воведување на концептот на циркулартната економија, како претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и воедно претседател на Асоцијацијата на Балкански комори предлагам формирање на иницијативен одбор за регистрирање на регионален хаб за циркуларна и зелена економија.

Членови на иницијативниот одбро се: Бранко Азески – претседател на СКСМ и Асоцијацијата на Балкански комори (АБЦ), и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), Претседателите на сите комори членки на Асоцијацијата на Балкански комори (АБЦ) и Коморскиот инвестициски форум (КИФ), проф. д-р Дарко Лазаров – претседател на Клубот на извозници при СКСМ, проф. д-р Дејан Мираковски – ректор на УГД, Марија Дуковска Павловска – генерален директор на Макстил АД Скопје, Никола Цветковски – генерален директор на Бонивес – Скопје, проф. д-р Наташа Петровиќ – Факултет организациски науки при Универзитетот во Белград и Кристина Кузеска – здружение за енергетика при СКСМ.
Задачата на овој иницијативен одбор е да изработи концепт и предлог програма за работа и да создаде правни услови за регистирање на регионален хаб за циркуларна и зелена економија. Регионалниот хаб за циркуларна и зелена економија треба да се издигне како водечка регионална институција чија цел ќе биде изработка на стратешки регионални документи и регионално поврзување и вмрежување на бизнис секторот и науката во областа на циркуларната и зелената економија, обезбедување на техничка и стручна поддршка во процесот на имплементирање на модерни концепти на циркуларната економија во бизнисот, подготовка на компаниите за целосно усогласување со барањата и стандардите на ЕУ пазарот во делот на заштита на животната средина и имплементирањето на еколошки практики, како и трансформација на регионалните економии со цел побрзо интегрирање кон ЕУ.