„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

9 НАСОКИ ЗА ПОЗИТИВНИ ЕКОНОМСКИ РЕЗУЛТАТИ ОД ТИМ 40

24.01.2024

МЛАДИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ БАРААТ ВИЗИЈА ВО КОЈА НАСОКА ЌЕ СЕ ДВИЖИ ДРЖАВАТА, ПРЕДЛАГААТ ДЕВЕТ НАСОКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ

Асоцијацијата на млади претприемачи -ТИМ 40 при Стопанската комора на Северна Македонија бара од политичарите предвидливост, концепт и визија во која насока ќе се движи државата во следните 10 години.
- Младите бизнисмени имаат знаење и имаат создадено капитал којшто може да го преместат надвор од државата доколку се разочараат, пред се во политичката сфера. Сакаме да видиме концепт за базичните работи, концепт за иднината во однос на здравството, образованието, инфраструктурата, каде Македонија ќе биде во наредните 10 години и како политичките лидери планираат да го остварат тоа, посочи претседателот на ТИМ 40 Жарко Димитриоски.
Младите претприемачи предлагаат девет насоки со цел да се подобрат работите од кои дел, како што рече Димитриоски, се веднаш применливи. Предлагаат модерни даночни решенија, решавање на економски пречки кои ретко кој ги забележува, продукциски фонд за јакнење на домашната култура и идентитет. Бараат бела листа на плаќачи на данок, можност за исплата на 14-та плата без одданочување, како и за секое ново вработено лице кое ќе остане на работа најмалку една година, работодавачот да биде ослободен од плаќање на придонеси уште три месеци. Младите претприемачи бараат и решавање на проблемот што го имаат со рекламирање на Google кој не го препознава македонскиот јазик поради што тие се принудени да се рекламираат на латиница наместо на кирилица.
Исто така предлагаат неискористените државни простории да се даваат на старт-ап компании, да се зголеми безбедноста на дигиталната инфраструктура и да се креира продукциски фонд со цел да се создаваат серии како што тоа го прават соседните држави. Овие серии на аукција би им се понудиле на националните телевизии, а собраните средства би се реинвестирале. Сериите од национален интерес би биле дадени на националниот сервис.
Единствената светла точка во нашата држава е бизнисот. Тој е менлива категорија и секогаш носи нови изненадувања. Стопанската комора опстанала повеќе од 100 години бидејќи таа во својата суштина прави репродукцијана кадри и на фирми кои може да се спрваат со проблемите. Доаѓањето на оваа млада екипа (ТИМ 40) во Комората по природен пат, само е една потврда дека на Комората така препознаена и се приклучуваат нови и нови сили не како поединци и фирми туку како институции кои имаат своја поставена цел и со поддршка на Комората истото ќе го остварат, истакна претседателот на Комората Бранко Азески.
Ние сме институција која ги следи промените и технолошкиот развој, за што и самите веќе неколку години ги применувале новите алатки во своите активности и настани. Во оваа генерација на млади бизнисмени која доаѓа добиваме серозни наследници кои ќе го подигнат нивото на коморскиот живот и нивото на економијата во државата, со поинакви цели технолошки компатибилни на европските.
Гледајќи ги ставовите на младите, во нив препознав едноставни и практични проблеми кои на малите и средни компании ќе им овозможат практично преку преземање одредени активности да го направат решителниот чекор.