„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од компаниите

30 ГОДИНИ ЗДРАВИ НАВИКИ: ВИТАЛИА ОДБЕЛЕЖА ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ

26.12.2023

На 13 декември, вкусовите танцуваа во славенички ритам, бидејќи македонската компанија за здрава храна Виталиа го прослави својот 30-ти роденден. Во хотелот DoubleTree Hilton беа собрани бројни претставници на компанијата, угледни лица од заедницата, соработници и партнери на Виталиа, кои уживаа во отмената атмосфера со музичката дива Тамара Тодевска и придружниот џез квартет.

И по цели три децении, Виталиа и понатаму е лидер на пазарот на здрава исхрана, а на прославата беа промовирани сите успешно завршени проекти на компанијата, новите производни линии, саемски претставувања, општествено одговорни кампањи, награди и признанија, а беа најавени и дел од плановите за во иднина.
Роденденската забава започна со проекција на краток филм преку кој Виталиа го претстави 30-годишното патување од мала семејна компанија до она што претставува сега – симбол за здрава храна во Македонија, регионот и пошироко.
Потоа следеше кратко обраќање од основачот г-дин Никола Ветаџокоски, кој ги најави г-ѓа Искра Ветаџокоска-Муцунска и г-дин Димитар Ветаџока, втората генерација ко-сопственици и управители на Виталиа.
Заокружуваме три децении посветена работа, инвестирајќи во едукација и креација на здрава храна за секого, грижејќи се за секојдневните потреби на денешниот современ потрошувач. Она што ја прави нашата компанија посебна е иновативноста и посветеноста, тоа што таа постојано се движи, во еден правец – напред, со тим кој професионално и посветено го живее сонот на Виталиа. И во иднина ќе продолжиме да работиме напорно за да поттикнеме и поддржиме здрави навики кај сите генерации на потрошувачи. Виталиа пред себе има предизвикувачки период, но токму високите очекувања од вас, нашите верни консументи, клиенти, партнери и пријатели, ни ја даваат потребната мотивација за да продолжиме и да бидеме уште поуспешни.“ - изјави г-ѓа Искра Ветаџокоска – Муцунска.
„Денес прославуваме успешни 30 години од основањето на Виталиа што е воедно потврда и за успешниот генерациски трансфер на менаџментот на компанијата. За овие 30 години создадовме искусен тим од професионалци кој успешно ги реализираше сите наши планови и развојни цели. Затоа, ова е првенствено јубилеј на тимот Виталиа, на сите негови вработени, нивната целосна посветеност и секојдневните жртви и залагања за кои искрено сум им благодарен.
Инвестицијата во едукацијата на нашиот кадар како и во најсовремените дигитални алатки и ит технологии ни овозможува ефикасно и ефективно да менаџираме со процесите на планирање и реализација на производството. Иновациите на нашиот тим за развој на нови производи ги реализираме со инвестиции во нови, модерни технологии што ни гарантираат производство на производи со највисок квалитет.“ – истакна г-дин Димитар Ветаџока.
Виталиа ја испраќа 2023 како една од најуспешните години во нејзиното постоење, со воведување на многу нови производи и иновативни линии на здрава храна, инвестиции во одржливост, и проширување на нови пазари од различни контитенти и бројни капитални инвестиции примарно насочени кон иднината на компанијата.