„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

КУПУВАЊЕТО НА НЕДВИЖНОСТ СЕУШТЕ ВАЖИ ЗА СИГУРНА ИНВЕСТИЦИЈА

21.12.2023

Интервју за Bloomber Adria, на Претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите Андреа Серафимовски

Во интервју за „Блумберг Адрија“, Серафимовски открива дека повратот на инвестициите за оние што вложиле пред ковид-кризата изнесува над 20-30 отсто. Тој истакнува дека, во спротивно на општата слика, ковид-кризата донесе поука - не секоја инвестиција во недвижности е автоматски успешна, но воопшто, инвестирањето во недвижности ретко губи.
Сепак, Серафимовски ја истакнува потребата од мудро инвестирање, особено предизвиците што одат со пазарот на неквалитетни градби. Со зголемувањето на цените на становите во Скопје, вниманието се привлекува кон квалитетот на становите. Тој советува граѓаните да инвестираат во проверени компании со долгогодишен стаж и доверба во градежништвото. Специфично, предупредува за ризиците поврзани со компаниите што не се докажани, истакнувајќи дека при купувањето на стан, граѓаните треба да бидат свесни за квалитетот на изградбата и да ја оценат вистинската вредностен на недвижнината.
Што се однесува до цените, Серафимовски препознава дека и во почетокот на 2024 година можеме да очекуваме високи цени. Податоците на Народната банка за третиот квартал го покажа забавувањето на растот на цените на становите, но не и нивното намалување како што беше најавено. Во иднината, претседателот предвидува зголемена понуда и активност во високоградбата, што ќе спречи неурални скокања во цените.
„До година веќе нема да имаме определена цена во определен регион. Стабилизација значи избегнување на големи осцилации на цените. Така што, таа голема осцилација очекувам да се стабилизира и дека граѓаните ќе плаќаат реални цени. Специфични се нашите услови, излегуваме од една криза и на која цена ќе се стабилизира цената зависи од повеќе фактори пред се од понудата и побарувачката. Ние очекуваме дека во Центар и Карпош на пример таа ќе биде некаде од 1.600 до 2.100 евра за метар-кватратен. Очекуваме наредната година граѓаните помудро да инвестираат и да доведе до тоа да немаме унифицирани цени по региони и подрачја, туку цените да ја диктираат други фактори, меѓу кои и квалитетот на градбата“, вели Серафимовски.