„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

СТОПАНСКАТА КОМОРА УЧЕСНИК НА КОНФЕРЕНЦИЈА BALKANS GO CIRCULAR 2023 ВО БЕЛГРАД

11.12.2023

Под мотото - BALKANS GO CIRCULAR 2023, во организација на Факултетот за општествени науки (ФОН), се одржа третата по ред конференција за циркуларна економија, на која Стопанската комора беше дел од првиот панел - Циркуларна екномија на Балканот 2023/2024: Каде сме и каде одиме?

Целта на панелот беше преку дискусија да се добие одговор на следните прашања на регионално ниво:
  • До кој степен националните правни рамки се усогласени со потребите на современиот циркуларен пазар;
  • Дали балканскиот пазар е подготвен да ги следи светските економски трендови и како може да одговори на предизвиците;
  • Што прават надлежните институции за да ги подготват малите и средни претпријатија, иноваторите и големите компании на Балканот за новите пазарни барања и потреби
Во име на Комора, говорник беше Даниела Михајловска Василевска, од Комората кја во своето излагање се осврна на три целини во рамки на кои веќе се третира циркуларната економија во Македонија иако земјата сеуште нема стратегија за циркуларна економија.
  1. Законска регулатива во Македонија за Циркуларна економија
Македонија е целосно фокусирана на следење на европската легислатива за заштита на животната средина. Во рамки на министерството за животна средина а целосно усогласени со европските директиви и Европското законодавство се донесени и во функција се закони од секторот отпад, Законот за климатска акција, Законот за енергетска ефикасност, Закон за енергетика и Стратегија за енергетика.
следејќи го концептот на циркуларна економија, водејќи се од начелата на законите за отпад, за климатска акција, користењето на модели на призводство енергија од обновливи извори, во државата многу активно на повеќе нивоа (централно и локално) се рализираат континуирано активности согласно дефинираната правна рамка да се стават во функција делувањето на бизнис секторот но и граѓаните, во насока на подигнување на свеста и примена на почитувањето на животната средина, за рециклирање, но и за важноста за третирање на отпадот преку емисија на штетни гасови кои ја загадуваат средината и директно влијаат на глобалното затоплување.   
 
  1. Што се работи на полето на Циркуларна економија во Македонија и улогата на Комората во тој процес
Активностите се одвидваат во неколку правци.
Прво преку третирањето на посебните текови на отпад според законите (отпад од пакување, електронски и електричен отпад, отпад од батерии и акумулатори), а истиот модел на следење ќе биде применет и за новите форми на посебни видови отпад (масла, гуми, текстил и автомобили) од први јануари следната година.
Македонија има модел на неформални постапувачи на амбалажен отпад во кој се вклучени околу 2500-3000 луѓе.  84% од нив се Роми, на различна возраст, а најголем дел се околу 40 годишна возраст. Тоа се социјално загрозени категории, кои сиромаштијата ги принудува на таа дејсност. Анектното истражуање спорведено во државата покажа дека тие се важен сегмент од јавната хигиена, и моментално многу ја нагрдуваат сликата за хигиената во општините, посебно околу контејнерите, и затоа е важно да се вклучат во системот. Поразителен е фактот дека само 5% од отпадот кој тие го собираат се рециклира. Затоа, интегрирањето на неформалните собирачи на амбалажен отпад во формален систем е нешто од што сите би имале корист.
Второ, следење на ЕУ регулативата за воспоставување на „Прекуграничен механизам за прилагодување на јаглеродни емисии“ (Carbon Border Adjustment Mechanism – CBAM), за што веќе на 18 декември правиме втор настан во Комора за информирање на компаните произодители на челик и железо како да ги подготвуваат годишните извештаи согласно потребите на нивните ЕУ партнери.
Важно да се потенцира е дека, патот кон постигнувањето на нула емисии бара сериозни трансформации на секоја индустриска гранка, но и инвестирање во зголемување на ефикасноста во делот на употребата на енергијата и влезните материјали како и инвестирање во енергетски ефикасни технологии, вложување во зелена енергија, а сето ова ќе значи и зголемување на крајната цена на чинење на производите. Имајќи ја во предвид потребата за декарбонизација, во последниве неколку години сме сведоци на зголемен број на иницијативи како од страна на државите така од индустријата и формирање на различни типови на партнерства, кои се во насока на поддршка на овој процес на трансформација.
Трето, активностите за мапирање на разните видови на отпад во клучни сектори, со цел нивно третирање во процесот на циркуларна економија, на што преку министерството за економија, во Македонија веќе се работи. За таа цел во еден процес на конструктивен дијалог на сите заинтересирани страни, дефинирани се секторите градежништвото, биогасните централи, модели на циркуларен бизнис за мали и средни претпријатија, текстил, секторот општ отпад и секторот металургија. Оваа активност води кон предлог стратегија за развој на циркуларната економија од 2024та година. Сепак, она што е важно да се акцентира дека нема сектор кој не треба да биде дел од процесот на циркуларна економија и во следниот период, според листа на проритети во секој сектор да се развиваат соодветни активности.
Четврто, воспоставување на ESG стандардите.
Петто, финансиски кредитни линии за подршка на системот на Циркуларна економија.
  1. Како Комората со својата структура го следи процесот на Циркуларна економија
Стопанската комора на Македонија ја препозна потребата од системско и коориднирано следење на активностите врзани за циркуларната економија и животната средина како една од клучните активности на кои бизнисот во иднина ќе мора да посвети посебно внимание. За таа цел креираме Центар за циркуларна економија при Комората кој акценто го става на три аспекти.
Модератор на панелот беше Синиѓа Митровиќ, раководител на оделот за Циркуларна економија при Стопанската комора на Србија, а панелисти Милена Рмуш од Сопанската комора на Церна Гора, претставник од UNDP  од Босна и Херцеговина Исмар Чемерида, Ненад Џурџевиќ преставник на Алијанса за отпад од пакување и Carolina Giraldo Nohra, od EIT Climate-KIC - Заедница на знаење и иновации (КИЦ), која работи на забрзување на транзицијата кон општество со нула јаглерод, отпорно на климата. Организацијата е поддржана од Европскиот институт за иновации и технологија, која ги идентификува и поддржува иновациите што му помагаат на општеството да се ублажи и да се прилагоди на климатските промени.