„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Порака од претседателот

Интервју на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија за регионланиот магазин „CORD“ https://www.cordmagazine.com/

ФОРМУЛАТА Е ЕДНОСТАВНА, ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ИСТАТА СЕ ОДВИВА ТЕШКО...

04.12.2023

Неопходни се и инфраструктурни инвестиции во ефикасен и непречено функционален транспортен систем, да се избегнат големиот број на гранични премини, физичките прегледи на границите и бројните нетарифните бариери, кои одземаат време и средства.

За да се овозможи атрактивноста на државите за инвестирање во нив, потребно е добро бизнис окружување и долгорочна сигурност за инвеститорите, што претпоставува политичка стабилност на регионот, кредибилни државните институции, владеењето на правото, заштита на приватната сопственост и поттикнување на конкуренцијата.
За да се зголеми атрактивноста на земјите од регионот за инвеститорите и префрлање на нивните операции во Западен Балкан (покрај генерално ниските даноци во споредба со други региони) неопходни се и инфраструктурни инвестиции во ефикасен и непречено функционален транспортен систем, кој ќе обезбедува поврзување во рамки на регионот, но и со останатите држави. Исто така, треба да се избегнат големиот број на гранични премини, физичките прегледи на границите и бројните нетарифните бариери, кои одземаат време и средства на компаниите. Според индексот на Светска банка за логистика 2023 (Logistic Performance Index), кој цени развиеност на инфраструктурата, царинските постапки и логистиката, земјите од регионот на Западен Балкан се ниско рангирани (Србија на 73-мо место, Босна и Херцеговина на 61-во, Црна Гора на 73-то, Албанија на 97-мо,  Македонија на 57-мо место од 139 земји) и на ова треба да се работи.
Сепак, учеството на трговската размена на Западен Балкан во вкупната трговската размена на Европската унија е само 1,4%, што говори дека има голем простор за зголемување на учеството.
Демографските промени поради помалиот прираст и иселувањето на младото и образовано население од регионот се одразува како недостиг на кадар со соодветни вештини за компаниите во регионот, па потребно е да се зголеми мобилноста на работната сила во Западен Балкан и олеснето добивање на работни дозволи, како и да се обезбеди меѓусебно признавање на професионалните квалификации.
Слободното движење на стоките и услугите, капиталот и луѓето во рамки на регионот на Западен Балкан може да помогне на земјите да ги надминат ограничувањата создадени од лошата инфраструктура, неефикасните политики, географската припадност и демографските промени и да го направат регионот поатрактивен за инвеститорите и префрлање на нивните операции во овој регион.
За државите од Западен балкан ЕУ е водечки трговски партнер со две третини (65,8%) од вкупната трговија во 2022 година, кога вкупната трговска размена на регионот со ЕУ достигна историски највисоко ниво од 85 милијарди евра. Оваа трговска експанзија генерално е во корист на земјите од Западен Балкан. Во последните десет години регионот го зголеми својот извоз во ЕУ за 217%, наспроти зголемувањето на увозот од ЕУ во регионот од 125%. Бројките говорат дека наши компании пенетрираат на европскиот пазар, што претпоставува и усвојување на европските стандарди од одредени компании и подобрување на перформансите на работењето, но и постојано справување со високиот конкурентски притисок.
Сепак, учеството на трговската размена на Западен Балкан во вкупната трговската размена на Европската унија е само 1,4%, што говори дека има голем простор за зголемување на учеството, но за исполнување на оваа цел покрај трговските преференции кои овозможуваат извоз во ЕУ без царини и ограничувања на квоти (со некои исклучоци, а кои од 2000 година ги имаат сите земји од Западен Балкан) важно е исполнување на европските стандарди, особено во делот на сообразоста и прифаќањето на индустриските производи, ветеринарните, санитарните и фитосанитарните стандарди за производи од растително и животинско потекло, како и оние кои се поставени со европскиот Зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. За поголемо присуство на компаниите од Западен Балкан на европскиот пазар и нивно вклучување во синџирите на снабдување потребни се стимулациите во форма на експертиза и финаниска поддршка за исполнување на стандардите, што имплицира неопходност од пристап до структурните фондови на ЕУ.