„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Снабдувачите и трговците со електрична енергија по покана на МЕА на средба во Комората

29.11.2023

На покана на претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), проф. д-р Кочо Анѓушев, беше остварена средба на трговците и снабдувачите со електрична енергија, операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО, операторот на преносниот систем МЕПСО и операторот на дистрибутивниот систем ЕВН Електродистрибуција во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија.


Компаниите кои се занимаваат со снабдување и трговија со електрична енергија, кои инаку меѓусебно се конкурентни компании, на иста маса разговараа за начините за подобрување на енергетската состојба, прилагодување на европските принципи на работа, алокација на прекугранични капацитети, складирање на електрична енергија и системски услуги, сплотени со една цел, а тоа е обезбедување стабилност и доверливост на енергетскиот систем и пазарот на електрична енергија.

На состанокот заеднички беше договорено, МЕА и засегнатите страни периодов да работат на предлози за решавање на проблемите кои беа покренати како прашања за дискусија, а на 14 декември на настан повторно организиран од МЕА истите ќе бидат презентирани во форма на препораки пред соодветните надлежни органи.