„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
27.11.2023
Градежен Институт Македонија, компанија со долгогодишна традиција од 48 години која е лидер на домашниот и регионалниот пазар, го потпиша својот прв консултантски договор за вршење надзор над изградба на делница 1 од Автопатот од Бузау до Фоскани во Република Романија.
Компанијата после едногодишно испитување и следење на овој пазар ја препозна можноста и предизвикот што го нуди истиот и донесе одлука за настап и делување. На овој пазар ГИМ е фокусиран на нудење консултантски услуги за вршење надзор и проектирање на патна инфраструктура во која Романија најмногу инвестира. Искуството и знаењето на ГИМ обезбеди висока конкурентска предност која резултираше со потпишување на овој значаен договор.
На конкретниот проект, изградба на Автопат од Бузау до Фоскани со три делници, ГИМ како лидер здружен со локална компанија, во Март оваа година аплицираше за сите три лота и во сериозна меѓународна конкуренција успеа да ја добие првата делница од Бузау до Ваду Пасии. На овој проект ГИМ ќе работи со свои експерти при што ги покрива клучните позиции за главен надзор, експерт за патишта и мостови што е особено важно бидејќи на оваа делница има многу сериозен мост со должина од 1300 метри. Инвеститор и потписник на договорот е државното претпријатие за патишта на Романија ЦНАИР преку кое се финансира изградбата на државните патишта и автопати.
Покрај овој проект ГИМ се подготвува за настап и на идни проекти заедно со повеќе локални фирми кои го препознаа ГИМ како доверлив и конкурентен партнер.
ГИМ како водечка македонска консултантска компанија повеќе години наназад е извозно ориентирана и позиционирана на регионалните пазари во Србија, БиХ, Црна Гора, Косово и Албанија, а од минатата година отвори своја подружница во Букурешт прва на пазарот на Европската Унија.