ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО КОМПАНИИТЕ - ОБОСТРАН БЕНЕФИТ И ЗА КОМПАНИИТЕ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ
22.11.2023
Следува уште една успешна приказна. Бројката на ученици кои се запишуваат во стручното образование од година во година расте и оваа учебна 2023/2024 година се запишаа 2/3 од завршените полуматуранти. Расте и бројката на компании вклучени во стручното и дуалното образование која доестигна до 540 компании. Покрај останатите активности на Стопанската комора, резултат за ова беше и дигиталниот саем за поттикнување на младите деветто одделенци за упис во средните стручни училишта. Линк: https://www.youtube.com/embed/d4DaYYFPV4Q
Компанијата КАЗ ГРУП ДОО, Илинден, реномиран производител на делови за водоводни инсталации во регионот со развиена продажба на домашниот и странскиот пазар, активно е вклучена во процесот на реализација на практична настава за учениците од средното стручно училиште „Владо Тасевски“ од Скопје. Дуалната образовна програма им овозможува на учениците реализација на практичната настава со цел да се стимулираат за понатамошни работни активности и запознаат со самиот процес на работа, а на компанијата изградба на стручен кадар.
Катерина Илиоска, менаџер за човечки ресурси во компанијата, истакнува дека на взаемно задоволство, со претставниците од СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје, имаат одлична меѓусебна комуникација, соработка и организација во остварување на дуалната образовна програма и практична работа. Компанијата и понатаму ќе се стреми кон транспарентност, доверба и почит, а склучениот Меморандум за соработка само ја офијализирала нивната соработка.
Практичната обука во компанијата ја вршат сертифицирани ментори со долгогодишно искуство од дејноста, кои исто така и издаваат соодветни потврди за извршување на успешноста на практичната настава за работното место каде ја вршел ученикот.
Во компанијата реализираат практична настава и во текот на летниот распуст, а за најуспешните ученици следуваа благодарници за постигнат успех и продуктивност во извршување на практичната настава и парични средства.
„Моето лично мислење, како одговорно лице за човечки ресурси, за овој вид на практична настава во компаниите, докажува постоење на обостран бенефит кој што има директно влијание на растот и развојот на кадарот во државата на долг рок, со што ќе ни овозможи на нас, квалитетен избор на кандидат за вработување во иднина.
Топла препорака до сите млади коишто сакаат своето образование да го насочат кон производствените машински дејности во иднина и сегашните ученици кои сакаат да ги прошират своите знаења стекнати во текот на образованието, да се охрабрат и да побараат од своите професори да им се овозможи практична настава во компаниите, сè со цел за полесно вработување во иднина“.