Во Брисел од 25-27 октомври 2023 година, се одржа 15ти работен состанок на сите проекти во рамки на Build up skills иницијативата на Европската Унија. Стопанската комора на Северна Македонија која е координатор на проектните активност за проектот„ Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вреднувани – SEEtheSkills“, кој се реализира во партнерство со 10 партнери од 5 земји и тоа: Северна Македонија, Словачка, Словенија, Шпанија и Холандија, со својот претставник Јадранка Аризанковска, која воедно е и проектен менаџер на проектот, настапи со презентација на изработените дигитални алатки во рамки на проектот како што се:
• Регистар за серетифицирани работници
• Регистар за верифицирани обуки за енергетска ефикасност
• Регистар на комопании ки произведуваат енергетско ефикасни градежни материјали
• Алатка за претходно препознавање на вештини кај граджните работници и професионалци
• Web страна за самооценување на објект (колкава енергетска ефикасност постигнува).
Сериозната вклученост и посветеност на Стопанската комора на Северна Македонија во активностите, во рамките на Build up skills иницијативата на Европската Унија, каде Република Северна Македонија е единствената земја од Западен Балкан која е дел од оваа иницијатива со 4 последователни проекти од 2011 година се до денес. За оваа признаеност говори простотор кој е обезбеден во годишната брошура за истражување и развој во градежниот сектор на ниво на земјите членки во Европската унија CORDIS, каде Јадранка Аризанковска говори за резултатите од проектот TRAINEE.
„Подигнувањето на свеста беше критично. На пример, и покрај тоа што моделирањето на информации за згради (BIM) е клучна градежна иновација во светот, тоа беше малку познато во Северна Македонија. Откривме дека кратки сесии за обука со мали групи од 6-10, со помалку теорија и организирани како обука на работното место, се најефикасни. Така, развивме обука и предлог политика за нејзино воведување “, вели проектниот координатор Јадранка Аризанковска.
Со формирање на Ценарот на знаење со седиште во Скопје, има пристап до сите каталози кои може да се користат при закажаните обуки, каде со потпишување на мемурандум за соработка со градежните компании, сите заинтерсирани може да учествуваат со обука за своите вработени.
,, За понатамошно зголемување на видливоста и побарувачката за ЕЕ, креиран е онлајн-пребарувачкиот регистар на сертифицирани работници и обучувачи на проектот. Тоа беше од интерес за сите, како основа за национален регистар на лиценцирани производители на обновливи извори на енергија, во согласност со Директивата за обновлива енергија“, додава Аризанковска.
Согласно постигнатите резултати, проектот TRAINEE беше одбран да биде објавен од 30 тина проекти, како најиновативен во делот на проекти кои работат за воведување и подобрување на дигитализација за енергетскат ефикасност.
Тимот TRAINEE обезбеди продолжување на својата работа преку тековниот проект Horizon 2020 SEEtheSkills со цел да се стимулира побарувачката за енергетски ефикасни градежни вештини преку нов пристап „3V“ кој ја зголемува нивната видливост, валидација и вредност.