„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ПРИЗНАНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА ВО ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА АЛКАЛОИД, РАДЕ КОНЧАР – ТЕП И САСА

27.10.2023

На овогодинешниот избор Советот за Безбедност и здравје при работа, министерствотот за труд и социјална политика додели награди на компании кои беа највисоко оценети. Методот на оценувањето на системите и применетата практика за безбедност и заштита при работа во компаниите, ја изврши специјална комисија составена од стручни лица од оваа област и лекари по медицина на трудот.

Рудникот за олово и цинк САСА во Македонска Каменица како голема компанија е победник во годишниот избор за најдобар систем за безбедност и здравје при работа за 2023.
"САСА продолжува со неуморни напори за осигурување на безбедна и здрава работна околина за своите вработени, изведувачи и посетители. Нашата примарна цел е да постигнеме 'нула повреди во текот работно време' во САСА. Горди сме на нашите постигнувања во областа на безбедноста и работните услови, кои се резултат на ангажманот на сите вработени и на нашите непрекинати инвестиции во високите стандарди за безбедност во индустријата - изјави генералниот директор Кристофер Колбурн.
Во текот на последните шест години, САСА вложи значително. Воведени се модерни процедури за безбедност и превенција од повреди при работа, дополнителни обуки се редовно спроведуваат од страна на тимот по безбедност и надворешни експерти. Со воведување на нова технологија и опрема како и дигитализација на процесите се очекува унапредување на работните услови и безбедноста во целиот рудник.
Заради подобрување на способноста за одговор при итни случаи во рудникот, изградени се и специјални комори за спасување кои се опремени со најсовремена опрема, а формиран е и посебен тим за безбедност и спасување чии членови континуирано се обучуваат за спроведување на најновите безбедносни техники.
Втора голема команија, најголемата македонска фармацевтска куќа „Алкалоид“ е сито така добитник на признание за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа за 2023 година. „Алкалоид“ како компанија која постојано вложува во унапредување на овој систем, ги следи сите работни процеси и ги имплементира најдобрите практики за зачувување на здравјето на вработените, посебно користејќи ги придобивките од дигитализацијата и од дигиталните технологии, што резултира во безбедна работна средина и во широко препознаена и наградена заложба за безбедност и здравје при работа.
Раде Кончар ТЕП освои престижната награда за најдобро имплемантиран систем за безбедност и здравје при работа во 2023 година вор ангот на средни компании. Во изјавата, компанијата изразува благодарност и задоволство за ова признание, истакнувајќи ангажманот на компанијата во обезбедување на здрава и безбедна работна средина за своите вработени. Основниот фокус на компанијата е на сите аспекти на физичкото, менталното и социјалното здравје и безбедност на работното место, целта и приоритетот е да се гарантира безбедна работна средина за секој работник, прилагодена кон специфичните потреби на работното место. Политиката за безбедност и здравје при работа на Раде Кончар ТЕП има за крајна цел секој работник, по завршување на работниот ден, да се врати кај своето семејство, безбеден и здрав, со сето достоинство и задоволство.
Во рамки на Европската недела за безбедност и здравје при работа, насловена „Безбедност и здравје при работа во дигиталната ера“, се реализира настан во организација на Советот за БЗР и со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Целта е да се зголеми нивото на знаење за важноста на безбедноста и здравјето при работа во новото време на експанзивни дигитални промени.