„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
13.10.2023
За да ги заштити интересите на своите членки, но и да укаже на основните процедури и принципи на работа што мора да се почитуваат, Стопанската комора на Северна Македонија на ден 12.10.2023 година (четврток,) ја поднесе Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на РС Македонија, со предлог за донесување на Решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени врз основа на оспорениот Закон, до донесување на конечната одлука.
Во оваа Иницијатива е обединета целата бизнис заедница, што е редок позитивен пример. Со неа, преку аргументиран пристап, бизнисот бара да се обезбеди гаранција на правната сигурност, како составен дел на принципот на владеење на правото што е неопходен во процесот на работењето на компаниите.