„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Азески-Шрајнер: Енергетиката и инвестирањето во соодветен стручен кадар со отворени можности за зголемување на соработката со Германија

06.10.2023

 

Феликс Шрајнер пратеник во Германското собрание, член на  Комисијата за транспорт, член на Парламентарниот советодавен совет за одржлив развој и претседател на германско-швајцарската парламентарна група, придружуван од Хуберт Хосп главен извршен директор на Коленко Германија и Никола Битрак главен извршен директор на Коленко Македонија одржаа работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески на која се разменија мислења за актуелната економска состојба и за можноста за интензивирање на соработката.      Претседателот Азески истакна дека последниве години, оценето од економски аспект, живееме во услови на големи предизици, но и на голем технолошки развој, кога фокусираноста, брзото темпо и ориентирањето кон целите играат голема улога во остварувањето на економскиот раст. Во такви услови поддршката и заемната соработка се од исклучително значење, особено од партнерите и од нашите пријатели од Германија, земја која е најголем деловен партнер на нашата држава.      На средбата се разговараше за инвестициската клима во државата, за потенцијалот за продлабочување на соработка и нови бизнис можности. Темите на разговори беа стабилноста на инвестициската клима, условите за инвестирање, но и конкретно потенцијалот за продлабочување на бизнис соработката во доменот на енергетика, како и инвестирање во соодветен стручен кадар за потребите на бизнисот. Претседателот Азески се заблагодари на искрената поддршка и на довербата кон нашата институција која Шрaјнер ја искажа и на отворените можности за зголемување на соработка во иднина.