„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ДВА МИЛИОНИ И СЕДУМСТОТИНИ И ТРИЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ЗА ПОДДРШКА НА ДУАЛНИОТ МОДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕ

31.01.2023

Триесет и седум фирми членки на Стопанската комора на Северна Македонија ќе добијат грант од околу 2,73 милиони евра за да склучат договор и за да го продолжат дуалниот модел на образование со 4 стручни училишта и со 2 високообразовни институции

Обезбедувањето стручен кадар за бизнисот е прашање број еден за Стопанската комора на Северна Македонија, затоа што без кадар нема бизнис, без бизнис нема нова вредност, а без нова вредност нема извозна дејност и развој на економијата во државата.

Поради ова продолжуваат напорите и заложбата што ги прави Стопанската комора на Северна Македонија за поддршка на дуалниот модел на образование заради подготовка на соодветен стручен кадар според потребите на реалниот сектор. Реализацијата на практичната обука на учениците и на студентите во компаниите е суштината на стручното образование и на тој процес не смее да се гледа како на индивидуална работа само на образованието, туку како сеопфатен процес во кој мора сите да се вклучат за да се постигне вистинската цел, а финансиската поддршка овозможува вклучување на поголем број компании во процесот.

Преку Коморскиот инвестициски форум, чиј копретседавач е претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со обезбедениот втор грант од околу 2,73 милиони евра, 6 конзорциуми од нашата земја ги добија средствата за финансирање инвестиции во опрема и во инфраструктура, како поддршка на дуалното образование и на реализацијата на практичната обука, со цел поголема вработливост на младите и обезбедување обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси.

Средствата за грантот се обезбедени од германското Федерално министерство за економска соработка и развој, а се реализираат преку Германската развојна банка (KfW) и преку Регионалниот фонд за предизвици, како уникатен инструмент за финансирањe.

Фондот се спроведува преку Коморскиот инвестициски форум на шесте земји на Западен Балкан, кој претставува значајна институција за регионалната економска соработка, за унапредувањето на бизнис-климата во економиите на Западен Балкан, за создавањето заеднички пазар, за заедничкиот извоз и за унапредувањето на конкурентноста во регионот, а чија членка е и Стопанската комора на Северна Македонија.

На првиот повик во нашата земја грантот го добија 8 конзорциуми, и тоа 7 стручни училишта и 1 високообразовна институција со 29 компании, додека, пак, на вториот повик добитници на грантот се 2 училишта за стручно образование и обука, 2 мешани училишта (гимназиско и стручно образование ) и 2 високообразовни институции со 37 претпријатија.

Обезбедувањето на грантот за реализација на практичната обука е значаен сегмет за функционално стручно образование според потребите на компаниите и за зајакнување на јавно-приватното партнерство меѓу стручните училишта и компаниите, клучни приоритети на кои активно работи Комората. Образованието треба да биде вистинска комбинација на вештини, вклучувајќи и дигитални и трансверзални клучни компетенции потребни за работните процеси, и да им обезбеди на вработените соодветни професионални вештини, а тоа може да се постигне само со синергии и со партнерства меѓу јавниот и реалниот сектор. Само на ваков начин компаниите создаваат потенцијал за вработување квалификуван кадар, се осигуруваат дека младите луѓе и возрасните се здобиваат со потребните вештини за да бидат вработливи и се намалува јазот меѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

ЛИСТА НА КОМПАНИИ КОИ ГО ДОБИЛЕ ГРАНТОТ

 
КОМПАНИЈА
ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА
1.
Дојран стил ДООЕЛ, Дојран
ОСУ „Гоце Делчев“ – Валандово
2.
Дим-Комерц ДООЕЛ, Валандово
3.
М.Д. Страиште ДООЕЛ, Валандово
4.
Хортена, Струмица
5.
Пего Агрофуит, Валандово
6.
Глобал Трејд ДММ ДООЕЛ, Валандово
7.
Еко ранжерии, Анска Река ДОО, Валандово
8.
ДПТУ Фанси Корнер Копанелис ДОО, Валандово
9.
ДПТУ Тера Мегдан ДОО, Валандово
10.
Боко Боро ДООЕЛ увоз-извоз, Гевгелија
СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
11.
Конти Хидропласт ДООЕЛ, Гевгелија
12.
Универзал ППЕВ увоз извоз ДООЕЛ, Гевгелија
13.
Глобал Логистикс ДООЕЛ с. Негорци, Гевгелија
14.
Мото-пром ДООЕЛ увоз-извоз, Гевгелија
15.
АМД Гевгелија ДОО Гевгелија/ Авто мото здружение Дичо Панов, Гевгелија
16.
ДИЕМ ГП ДОО, Гевгелија, с. Негорци
17.
Дием-груп ДООЕЛ с. Негорци, Гевгелија
18.
Трио-Консалтинг ДОО, Гевгелијa
19.
Негорски Бањи АД, Негорци, Гевгелијa
20.
Фриготехника 2000 ДООЕЛ, Гостивар
ОСТУ „Гостивар“ – Гостивар
21.
МН Инженеринг Лабораторија ДОО, Гостивар
22.
Леар Корпорејшн Македонија ДООЕЛ, Тетово
23.
Либерти АД, Скопје
СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје
24.
Раде Кончар Контактори и Релеи ДОО, Скопје
25.
Макстил АД, Скопје
26.
Аптив Сервисс Македонија ДООЕЛ, Скопје
Машински факултет – Скопје (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје)
27.
Смелт инг, Скопје
28.
Торакс ДОО, Скопје
29.
Ламинати Ком, Скопје
30.
Актива ДОО, Скопје
31.
Ролопласт ДООЕЛ Илинден
32.
Ван Хол Македонија ДООЕЛ, Скопје
33.
Тетепласт ДООЕЛ, Скопје
34.
Дема-Стил ДООЕЛ, Скопје
35.
ДТПУ Текстил Солушн ДОО увоз-извоз, Скопје
Институт за текстилно
инженерство и Факултет за
технологија и металургија
(Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје)
36.
ДТПУ Мотив Плус ДООЕЛ, Штип
37.
Артекс ЛТД ДООЕЛ, Кочани