„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС БЕЛЕЖИ 75 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ – ЈУБИЛЕЈ КОЈ ГОВОРИ ЗА УСПЕШНА ОДРЖЛИВОСТ

29.09.2023

Три четвртини век во кој се преживува единствено поради подготвеноста за трансформација, решителноста за трајност и негување на традицијата. Тоа е успешната приказна за 75 години традиција во постоењето, со што ретко која компанија може да се пофали

 
Неколку пати трансформирана, надградувана и стратешки ре-позиционирана, Раде Кончар Сервис успеа да одолее на сите премрежија и да остане на врвот во својата дејност.
Раде Кончар Сервис која е и активна членка во Здружението на метална и електроиндустрија при Стопанската комора, денес бележи 75 години постоење и претставува национален лидер кога станува збор за производство и сервисирање на трансформатори. Раде Кончар Сервис е единствена компанија на Балканот и пошироко која поседува постројка за деконтаминација на трансформатори контаминирани со ПХБ. За оваа дејност е наградувана во европски рамки поради огромниот еколошки придонес.
 
Испорака на стандарден квалитет, подготвеност за адаптирање на потребите на пазарот, и секако вложување во човечкиот капитал се основа на кои ја темелиме нашата компанија, преку која ја градиме и неjзината иднина, истакна Владанка Трајкоска, директор на Раде Кончар Сервис.
Иднината на Раде Кончар Сервис е во непрекинатото подобрување на квалитетот и ефикасноста на производствениот процес за зголемување на постоечките капацитети, како и во инвестиции во нови технологии, автоматизација и роботика. Притоа, континуирано се работи на подигнување на нивото на производство на трансформаторите, чија моментална примена се наоѓа во фотоволтаични и хидро централи, индустријата, градежништвото, европските дистрибутивни мрежи. Целта се светските пазари со повисоки перформанси, енергетска ефикасност и еколошка издржливост.