„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ИТНИ ИЗМЕНИ НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА СПАС НА МЕСНО-ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА

07.08.2023

Претставниците на месната индустрија веќе подолго укажуваа дека со важечките царински давачки, оваа индустрија беше ставена во нерамноправна положба со странските производители, пред сѐ оние од соседството, но и од ЕУ. Готовите производи од надвор влегуваат во земјата со 0% царина, додека домашните преработувачи, при увоз на суровина плаќаат царина во висина од 20 до 35%. Ова уште повеќе стана нагласено со функционирањето на Отворен Балкан. Во такви услови,  ќе дојде до затварање на домашните капацитети или евентуално селење на производството во соседството. Доколку сакаме да опстане домашната месна индустрија, потребно е ослободување од царинските давачки по примерот на други преработувачки индустрии кои користат увозни суровини наведени во Сл.весник бр.39 од 2022 година.

Владата на РСМ пред три години во редовни економски услови го согледа овој проблем со кои се соочуваа домашните преработувачи и помогна со тоа што воведе мерка ослободување на 50% од царината од потрошената увезена суровина. Taa мерка во овој период беше редовно продолжувана на секои шест месеци. 
Податоците за домашното фармерско производство покажуваат дека, и покрај мерката за увоз на замрзнато свинско месо за преработка, тие бележат благо намалување. 
Ако се земе предвид фактот дека РС Македонија нема можност за извоз на свинско месо и на преработки од свинско месо во ЕУ, но и дека оваа индустрија задоволува 80-85 % од потребите за свинско месо за консумирање, произлегува дека месната индустрија ги откупила сите договорени количини и вишоци што се јавуваат, особено во периодот февруари-април, односно пред велигденските празници. Истовремено, со цел спречување на ширењето на болеста африканска свинска чума, која се појави во источниот дел од државата, компаниите од месната индустрија, на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, истовремено ги презедоа закланите свињи во радиус од 30 км за термичка преработка. Со тоа се излезе во пресрет на барањата на фармерите и на Агенцијата за заштита на домашното фармерство за спречување поголеми штети во него.
Од друга страна, по последните случувања во Украина и по затворањето на европските земји за испорака, пред сѐ на суровини, дополнително се усложни работењето на домашните компании, наместо да се овозможи поголема предвидливост и планирање при набавката на суровина и при производството. 

За жал, итноста на Барањето немаше да биде потребно доколку институциите и надлежните пред сѐ во случајов АХВ навремено и еднакво за сите ги спороведуваа предлозите и решенијата доставени од сите членки на групацијата на месопреработувачи при Стопанската комора (кои преставуваат 90% од вкупните капацитети во државата). Наместо мерки и активности за подобрување на условите за стопанисување, домашните компании добија казни од сопствените институции, а единствена цел е полнење на буџетот.  Имено, пред две  години беа одржани неколку состаноци на Групацијата и Агенцијата за Храна во врска со правилнто толкување и третман на производите од месната индустрија со дозволено учество на природни и додадени полифосфати, врз основ на кои е дадено и официјално Барање до надлежните пред сѐ на АХВ за промена и усогласување на дозволените граници на полифосфати во месните производи односно соодветна измена во Правилникот за Барањата во однос на квалитетот на меленото месо и преработки од месо. Но до сега нема никави активности во таа насока, ниту за промена на правилникот, ниту за усогласување со останати правилници за оваа проблематика.
Денешнава наша реакција е што од причини познати само за Агенцијата како и пред две години така и сега,  ПРВО И ЕДИНСТВЕНО домашните производи и компании за користењето на овие адтиви ги контролираат и ги санкционираат, додека увозните ниту се контролираат, ниту се санкционираат или се забрануваат од пуштање во промет иако ги надминуваат дозволените параметри според нашиот правилник. Оттука компаниите со право се прашуваат - КОГО ШТИТАТ надлежните институции, домашното стопанство или увозните компани и увозниците.
Надлежните институции не само што не го прифатија нашето главно барање за намалување на царината на замрзнато свинско месо наменето за преработка, туку добиваме и нерамноправен третман во сопствената држава од домашните институции во корист на увозните и увозниците, а на штета на домашните комапни и домашното стопанство.
 Домашната месна индустрија се обидува да продолжи да функционира во споствената држава, да придонесува во буџетот на државата, да вработува и зголемува плати на вработените и инвестира во развојот на сопствената држава , Но потребно е да се  изедначат условите на стопанисување и контролирање, за да може во рамнпоправен натпревар да се бориме со сите конкуренти.
Домашните месо преработувачи бараат:
    -Итно донесување ново продолжување на мерката или трајно законско решение за намалување на царината за замрзнато свинско месо наменето за преработка. 
    -Итно обезбедување еднакви услови на контрола и правила на игра за сите учесници на пазарот, без разлика дали се домашни или увозни.