Вештините нашто ги поседува човечкиот капитал се двигател на опшеството, а тие можат да се стекнат само со учење преку работа во реална работна средина. Голем дел од завршените полуматуранти оваа учебна 2023/2024 година се запишаа во стручното образование и во дуалните паралелки со цел стекнување стручни вештини и компетенции со кои лесно ќе можат да се снајдат на пазарот на труд и побрзо да се вработаат. Бројката на запишани полуматуранти во стручното образование, во првиот уписен рок, изнесува 66,4% од вкупиот број 15 481 ученици, додека 33,6% во гимназиско и во уметничкото образование.
Од друга страна, компаниите имаат можност самите да го подготвуваат својот кадар, на сопствената технологија и според специфичната дејност, а по нивното завршување да ги вработаат и да ги пополнат празнините на работните места. Бројката на компании вклучени во дуалниот модел оваа учебна година изнесуваше околу 500 компании, за разлика од минатата учебна 2022/2023 година кога кога изнесуваше 211 и пред две години, кога беа само 11 компании.
Целото интервју од гостувањето м-р Наташа Јаневска, проектен менаџер во стручната служба на Стопанската комора и претседател на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, можете да го погледнете на видеото во текстот.