„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Одржана прва средба од новата алатка „ПРАШАЈ ГО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ“

17.07.2023

Во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија се одржа првата средба од новата алатка „ПРАШАЈ ГО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ“ со претседателот Бранко Азески.

Во рамките на средбата претседателот Азески им даде можност на вработените да поставуваат директни прашања во однос на организираноста, делокругот на работењето и на услугите на Комората.
На маргините на настанот претседателот Азески оствари и работна средба со вработените во регионалните комори при Стопанската комора на Северна Македонија.
Претседателот, меѓу другото, се осврна на идните планови за функционирањето на Комората и на четирите основни принципи на кои ќе се заснова тоа:
  1. Едукација, т. е. натамошна поддршка на дуалното образование, на средното стручно образование и на дуалниот концепт во високото образование;
  2. Продлабочување на поддршката за извозно ориентираните компании и натамошен развој на кадарот за тоа;
  3. Придржување до принципот на владеење на правото и еднаква одговорност пред законите за сите чинители во општеството;
  4. Развој и интензивирање на регионалната соработка на национален, регионален и на интернационален план.
Препораката на претседателот Азески до сите вработени е да се приспособат на новите текови на дигитализација и на приближување до европските принципи, да остварат дополнителна едукација и постојано усовршување за натамошна поддршка на стопанството во државата, но и да се следат трендовите на зелената и на циркуларната економија, како и специфичните експертски области кои би биле од доменот на интерес на компаниите.
Овие средби, во присуство на сите вработени во Комората, планирано е да се одржуваат двапати во годината – на почетокот на јули и на крајот на декемри.