Упорноста и посветеноста во работењето на Стопанската комора во делот на стручното образование и обезбедување стручен кадар, годинава вроди со плод. Средното стручно образование станува сè поатрактивно, а со тоа расте и интересот за упис на младите во стручните училишта. Тоа го потврдија и резултатите од првиот уписен рок каде во прва година за учебната 2023/2024 година, од вкупниот број запишани 15 481 ученици, две третини односно 10 277 ученици или 66,4% се запишале во стручното образование, додека 4603 или 29,7% во гимназиско и 3,8% во уметничкото образование и спортската гимназија.
Младите ги согледуваат придобивките од стручното образование поради новите атрактивни квалификации и можностите кои им се нудат – стекнување применливи стручни вештини и вработување во компаниите каде што ја реализираат практичната обука веднаш по завршувањето на стручното образование и обука.
Повеќе информации за состојбите во стручното образование и активностите на Комората од интервјуто на м-р Наташа Јаневска за МИА на следниот линк: