„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

101- ГОДИНА НА КОМОРАТА

17.07.2023

АНГЕЛ ДИМИТРОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА АД „МОДА“ СВЕТИ НИКОЛЕ, ДОБИТНИК НА НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНА КОМОРСКА АКТИВНОСТ

 
Стопанската комора на Северна Македонија денес е модерна водечка бизнис асоцијација кај нас и во регионот, партнер на државата и сервис на компаниите. По повод годишнината, Управниот одбор на Комората на седницата одржана на 21.06.2023 година, донесе одлука за доделување на награди во неколку категории.
 
Наша делегација во состав д-р Ристо Јаневски, претседавач на Собранието на СКСМ,  Ѓорѓи Петрушев, претседател на Надзорен Одбор на Комората и д-р Анита Блажевска, потпретседател на УО на Стопанската комора, ја врачија наградата за долгогодишна коморска активност на Ангел Димитров, претседател на одборот на директори на АД „МОДА“ Свети Николе по повод годишнината на Комората.
Ангел Димитров, претседател на Одборот на директори на АД „Мода“ Свети Николе“, долги години е активен на полето за унапредување на дејноста во текстилната индустрија во нашата држава и активно учествува во градењето политики и мерки за подобрување на состојбите во економијата, преку континуираниот повеќедецениски ангажман во Стопанската комора на Северна Македонија.
Како претседател на Здружението на текстилната и кожарската индустрија во три последователни мандати и како член во органите и телата на Стопанската комора на Северна Македонија, но и како личност со креативен и со иновативен пристап, долги години ги промовира активностите на Комората и активно дејствува за нејзин напредок и развој. Особено внимание посветува на иновативноста и на продуктивноста, кои се двете основни алатки што треба да ги инкорпорираат компаниите во своето работење, сѐ со цел да опстојат на турбулентниот пазар.
Со високиот степен на стручност, знаење, кретивност и на иновативност при носењето квалитетни решенија и одлуки, како и со разбирањето на пазарните трендови, овозможува компанијата што ја раководи да развива своја стратегија и да ја зголеми својата конкурентност, со особена насоченост спрема раст на продуктивноста. Постигнатите резултати на компанијата се потврда дека со раст на продуктивноста и со раст на извозот на компанијата може да ѝ се овозможи да ги совлада предизвиците.