„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

101- ГОДИНА НА КОМОРАТА

12.07.2023

ПИВАРА АД – СКОПЈЕ, ДОБИТНИК НА НАГРАДА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ

 

Стопанската комора на Северна Македонија денес е модерна водечка бизнис асоцијација кај нас и во регионот, партнер на државата и сервис на компаниите. По повод годишнината, Управниот одбор на Комората на седницата одржана на 21.06.2023 година, донесе одлука за доделување на награди во неколку категории.
 
Наша делегација во состав м-р Зоран Јовановски, потпретседател, Билјана Пеева-Ѓуриќ оперативен директор и м-р Михајло Донев, проект менаџер во Стопанската комора ја врачија наградата за воведување напредни технологии на Пивара Скопје АД Скопје на Горан Стојковски, директор за ланец на снабдување., по повод годишнината на Комората.
 
Одбележувајќи ја во 2022 година 100 годишнината од своето постоење, Пивара Скопје ја заокружи реализацијата на нови инвестиции од 10,7 милиони евра во современа опрема и најсовремена технологија, кои се инсталирани во различни операции и процеси, вклучувајќи и нова линија за производство на безалкохолни пијалаци. На овој начин, Пивара Скопје ги подобрува услугите кон купувачите и ги зголемува производствените капацитети, следејќи ја големата побарувачка за безалкохолни пијалоци и пиво на домашниот, но и на другите пазари во регионот, што овозможува понатамошна модернизација на компанијата и го поддржува нејзиниот долгорочен одржлив развој.
Дополнително, започнато е воведувањето и на најновата генерација роботизирани технологии со кои ќе се автоматизираат сите повторливи работни операции во компанијата, со што се олеснува работата на вработените, а истовремено се зголемува и вкупна ефикасност и продуктивност.
Како компанија која поседува А-интегрирана еколошка дозвола, вложува во одржување на највисоко ниво на контрола на можно влијание на компанијата врз животната средина, инфраструктурата и технолошките процеси, што претставува потврда за сите досегашни напори и вложувања на Пивара Скопје во нови технологии и истовремено претставува гаранција дека компанијата во својата работа целосно и во континуитет продолжува да ги применува највисоките стандарди во оваа област предвидени со домашното законодавство, почнувајќи од изборот на суровини, преку контролата на процесот на производство, дистрибуција и продажба, па сè до управувањето со амбалажата. За предводничката улога и евидентните резултати во доменот на заштита на животната средина и одржливиот развој, Пивара Скопје,заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC, шест години по ред, го освојуваат првото место во европската и светската индустрија за пијалаци, во рангирањето кое го спроведува „Дау Џонс индекси за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices – DJSI), водечкиот глобален стандард за одржливост во бизнисот.