„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

РЕДОВНА СЕДНИЦА НА ГРУПАЦИЈАТА НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

05.07.2023

Компаниите од Групацијата за обновливи извори на енергија одржаа седница на која разговараа за актуелната состојба со обновливите извори на енергија, предизвиците, но и можностите за имплементација на обновливите извори со цел различни форми на искористување на нивниот потенцијал.

Седницата ја водеше претседателот на групацијата, Тодор Анѓушев, кој пред присутните ги презентираше коморските активности и ангажмани во рамки на Работната група која работи на измени на легислативата за овозможување на изградба на батериски системи за складирање на енергија. Членките на групацијата, како засегнати страни споделија мислења и предлози кои понатаму ќе бидат разговарани со надлежните институции.
Имајќи предвид дека компaниите-членки на оваа групација се занимаваат со производство на енергија од обновливи извори, изградба на централи или поврзани консултантски услуги, истите меѓусебе ги споделија предизвиците со кои се соочуваат при административните постапки и предложија мерки за подобрување на истите.
По искажан интерес од страна на компаниите на претходната седница, проф. д-р Илија Насов одржа презентација на тема „Renewable solar district heating“(Топлификација преку користење на соларна енергија) преку која компаниите дополнително се запознаа со можноста потенцијалот на соларната енергија да се користи во процесот на топлификација на згради, региони, како и градови. Групацијата на обновливи извори на енергија ги поддржува иницијативите за разгледување на можности за максимално искористување на обновливите извори и дисперзирање на производството на енергија од истите.