Автомобилската индустрија минатата година го достигна дното. Во периодот по 2017 година кога беше врвот на продажба на автомобили во Европа, сето она што се случуваше со пандемијата, потоа со проблемите со нарушените ланци за добавување, па украинската криза и 2022 година имавме најниска продажба на возила на европскиот пазар. Во првите пет месеци од оваа година имавме драстично зголемување на продажбата на возила во Европа од 18%, но сепак тоа е речиси ¼ пониско од тоа што се случуваше во 2019 година пред короната. Јас би рекол дека ова зголемување пред се е поради онаа побарувачка на возила кои беа нарачани минатата година кадешто се чекаше понекогаш 6, 12 па и повеќе месеци за да се испорачаат тие возила поради недостатокот на чипови. Тој проблем се уште постои, но не е толку изразен колку што беше минатата година. Но, гледаме дека веќе побарувачката за идни нарачки во Западна Европа поради се уште високата инфлација, поради ниските стапки на економски раст, како што кажав Германија и земјите околу неа, или се во рецесија или се некаде околу позитивна нула на економски раст, сепак во втората половина на оваа година мислам дека бројките за пораст на продажбите споредено со лани ќе бидат побалансирани, нема да растат веќе со високи двоцифрени бројки. Но, годината ќе биде подобра од минатата, така што од таа гледна точка ќе има подобрување, но подобрувањето ќе биде избалансирано, изјавува Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори за Блообмерг Адриа.