„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ВО „ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ УСПЕШНО СЕ РЕАЛИЗИРА УЧЕЊЕTO ПРЕКУ РАБОТА И ФЕРИЈАЛНАТА ПРАКСА НА ПРВАТА ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА ОД СОУ „КИРО СПАНЏОВ-БРКО“ КАВАДАРЦИ

26.06.2023

Учениците од втора година, од првата дуална паралелка, за квалификацијата металуршки техничар од СОУ „Киро Спанџов-Брко“ Кавадарци, успешно ја комплетираа програмата за учење преку работа во компанијата „Еуроникел Индустри“ од Кацвадарци. Во текот на учебната 2022/2023 година, под менторство на тимот од „Еуроникел Индустри“, составен од инженери, техничари и координатори, учениците учеа во автентична работна средина и опкружување, и на конкретни задачи, соодветно на секторот и квалификацијата/образовниот профил. На тој начин се оспособуваат за побрзо и конкурентно наметнување на пазарот на трудот во техничките струки, веднаш по завршување на средното образование.

Во месец јуни, сите ученици ја завршија и феријалната пракса,  а компанијата им додели Сертификати за успешно завршена практична настава и феријална пракса. Од следната учебна година, „Еуроникел Индустри“ ќе ја продолжи практичната настава и доедукација на техничките струки на учениците од трета година, како и на новата генерација на дуална паралелка, која исто така ќе започне со практична настава.
Компанијата „Еуроникел Индустри“ од Кавадарци како дел од својата општествено одговорна функција со активно учество го поддржува проектот за дуално образование и учење преку работа, како и реализација на феријална пракса за голем број технички струки, за средно, но и за високо образование. Поддршката произлегува од потребата за вложување во едукација на кадри и технички профили што е од исклучителна важност за индустријата и националната економија во целост.