„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
23.06.2023
Во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија формиран е Совет за ЕУ интеграции со цел поддршка на евроинтеграцискиот процес и вклучување на бизнис заедницата во одлуките и потребите од усогласувања кои ќе произлезат во рамки на процесот на преговори со ЕУ.
На првиот состанок на Советот заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески се согласија дека вклучување на бизнис заедницата по клучни поглавја е од огромна важност во процесот на прилагодување и исполнување на критериумите кои ќе произлезат од самиот процес на преговори и договори за усогласување со Европската унија.
Заменик претседателот на Владата Маричиќ истакна дека повеќе од неопходна е поддршката која комората и бизнис заедницата можат и треба да ја дадат особено со детални и конкретни анализи за проблематики и теми произлезени од самиот процес на преговори.
Советот за ЕУ интеграции е формиран во рамки на Стопанската комора со цел преку консултации со компаниите и конкретни анализи да ги зајакне преговарачките капацитети на тимовите кои се вклучени во евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија.