Потпретседателот на КИФ, Бранко Азески, кој е и претседател на Стопанската комора ќе биде главен говорник на инаугуративниот лидерски дијалог во Југоисточна Европа што се одржува во рамките на 2023 Beyond International Expo, од 24 до 26 мај 2023 година, во Меѓународниот изложбен и конгресен центар во Солун.
Азески ќе учествува на панел-сесијата на тема: Дигитална трансформација во ерата на прекугранични инвестиции и економска дипломатија. Дали Балканот може да стане следната жешка точка за инвестиции?“ што ќе се одржи на 25 мај во 15:30 часот. Оваа сесија е наменета за менаџери кои се фокусираат на најсовремените технологии и иновации од нашиот регион, клучни креатори на политики, политички лидери и службеници од меѓународни организации.
Меѓу очекуваните говорници се: министерот за дигитално управување на Грција, потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ), како и министри во Владите на Албанија Грција, Црна Гора и Романија.
BEYOND меѓународниот саем и конференција се дизајнирани да бидат фокусна точка за иновативните претпријатија активни во новите технологии. Во текот на последните две години, овој настан е препознаен како меѓународна платформа за размена на мислења и идеи истражувајќи го општественото и економското влијание на 4-та индустриска револуција и повеќекратните можности создадени во технолошкиот сектор во развој. Токму прашањата за кои ќе се осврне потпретседателот на КИФ, Бранко Азески во своето излагање се поврзани со процесите на дигитална трансформација за компаниите од регионот на Западен Балкан, што е еден од приоритетите на Коморскиот инвестициски форум.