„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Порака од претседателот

Решенија!

22.05.2023

Ценејќи го севкупниот амбиент создаден на меѓународен план, тешките регионални проблеми и состојбите кај нас, а во контекст на постојните кризи од 2008 година наваму, потребно е на јавноста да ѝ ги соопштиме нашите ставови на прецизен и едностаен нач

1. Од осамостојувањето на земјата пред 31 година, македонската економија оствари раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 1,7%. Јавниот долг се зголеми од 23% во 2008 година на 57,5% во првиот квартал годинава. Маневарскиот простор за ново задолжување е стеснет, а државата не успеа да го реформира својот образовен систем спрема потребите на пазарот на труд. Земјата и понатаму е високо зависна од увоз на енергенси и со тоа подложна на силни ценовни удари, без потребната алтернатива.
2. Ваквите неповолни состојби во економијата во значаен дел се должат на нефункционирањето на правната држава, непочитувањето на пазарните законитости, политизацијата и доминација на партиските над државните интереси.
3. Кои се излезните решенија од овие состојби? Еве ние ќе понудиме нешто конкретно. Декларацијата што ја донесовме во Стопанската комора на 14 јули 2022г, а која до сега ја потпишаа над 300 компании членки, МАНУ, сите државни универзитети и сите релевантни бизнис асоцијации, сега да биде прифатена и потпишана и од парламентарните партии кои имаат свои пратенички групи во Собранието. Убедени сме дека на тој начин би се заокружиле сите релевантни чинители во градењето на економските политики кои ќе се согласат дека во наредните 10 години приоритет ќе има економијата. Дека сето ова ќе се спроведе, гаранција ќе биде склучувањето на посебен договор меѓу јавниот и приватниот сектор. Со договорот ќе се регулираат меѓусебните односи со кои, пак, ќе се трасира патот кон првиот консензус за прогрес на државата, во кој бизнисот ќе има централно место. И конечно, наместо општи констатации ќе имаме конкретни носители, утврдени рокови и прецизни правила на игра.
СКСМ се одлучи на ваков предлог ценејќи дека мултиплицирањето на низа проблеми во тесен временски период може да го загрози опстојувањето на бизнисот.
П.С. Во консултациите што ги имавме преовладуваа зборовите: доста констатации-дајте решенија, одговорност и за државата, задржете ги младите, разбудете ги сите во борбата против инфлацијата, барајте лојалност кон државата, Декларацијата на СКСМ е визионерски документ, доста предвремени избори, стоп за популизмот во економските политики, ограничете ја моќта на политиката.