„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО ЗАЕДНИЧКИ АКТИВНОСТИ ВО ПОДДРШКА НА ДЕЈНОСТА

31.03.2023

Претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Комората Андреа Серафимовски, со дел од членовите на УО на самото Здружение остварија работна средба со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и неговиот раководен тим.

На средбата главен акцент беше ставен на функционалноста на градежната оператива на локално ниво со фокус на ниско градбата, но не помалку важен сегмент е и непречено функционирање и на високоградбата. Заеднички беше констатирано дека соработката со локалната самоуправа е од исклучително значење за компаниите од градежништвото, доколку се има за цел оптимално користење на нивната градежна оператива и капацитет. Како еден од проблемите со кои компаниите од градежниот сектор се соочуваат на терен е кавалитетот на изработка на проектната документација, одобренијата за градба за истата, спроведувањето на јавните набавки и критериумите според кои се спроведуваат јавни набавки, изборот за најповолен изведувач, меѓу институционално кочење на донесување на Детални урбанистички планови кои значат развој за општините. Акцент во дискусијата се стави и на надзорот како клучна алатка за квалитетна изведба на проект.
Во услови кога глобалната криза продолжува во разни форми со сериозни штети по бизнисот, негативните ефекти врз градежништвото како клучна стопанска дејност имаат сериозно влијание изразено како преку пад на деловната активност, и намалување на бројот на вработени.
Бизнис секторот во континуитет алармира на постоење јавно – приватниот дијалог, како неопходност за креирање поволен деловен амбиент со укажување дека треба заеднички да се делува во насока на поддршка на домашните градежни компании.
Претседателот на ЗЕЛС, изрази задоволство и благодарност за иницијативата за поинтензивна соработка на оваа значајна стопанска дејност укажувајќи дека улогата и влијанието на локалната самоуправа е ограничена кога станува збор за поголеми инфраструктурни проекти, но има одлучувачка важност онаму каде општините имаат надлежност. ЗЕЛС е подготвен суштински да пристапи и затоа работни средби од ваков тип е наопходно да се чести. Ѓорѓиевски на средбата сепак укажа дека во постапките за нови градби важно е да се запазат сите процедури, да се обезбеди квалитет во изведбата, каде сите засегнати страни ќе бидат задоволни, а пред се граѓаните како крајни корисници.

Заеднички беше договорено да се реализира средба со Управниот одбор на ЗЕЛС, каде ќе бидат дефинирани сите заедничките активности, за понатамошна нивна разработка.