„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
20.03.2023
Македонските градежни компании алармираат дека со ангажирањето на италијанскиот конзорциум „ИРД Инженеринг“ за надзор врз работата на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој ќе ги гради коридорите 8 и 10 само се продолжува досегашната пракса на истиснување на домашните субјекти.
Како крајно спорен го посочуваат фактот дека и покрај тоа што имаме докажани кадри од сите фази на изградба, меѓу кои и за надзор, и тоа со бројни референци кои се конкурентни и настапуваат на странскиот пазар, знаењето и искуството не можат да го применат на домашниот пазар.
Проблемот е хроничен, бидејќи долг период наназад не се исти условите за работа на домашниот пазар за домашните и за странските компании, односно во одредени делови се во прилог на надворешните субјекти
Интервјуто со Серафимовски на следниот линк - https://lokalno.mk/serafimovski-poradi-neednakvi-uslovi-za-rabota-na-domashniot-pazar-makedonski-kompanii-rabotat-kako-podizveduvachi-na-stranski-kompanii/