„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Стопанската комора на Северна Македонија зема учество на Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори, кое се одржа на 29 октомври 2026 година во Букурешт, Романија.
Во рамки на програмата беа дискутирани теми поврзани со улогата на вештачката интелигенција во унапредувањето на продуктивноста на компаниите и зголемувањето на нивната конкурентност на пошироките пазари, како и значењето на енергетската сигурност на Балканот.
За време на седницата, во рамки на свечена церемонија, претседавањето ѝ беше предадено на Стопанската комора на Република Србија, во чие име присуствуваше Ѓорѓе Живановиќ, а предавањето го изврши Михаил Дарабан, претседателот на романската комора.
Разговорите за примената на новите технологии, енергетската сигурност и заедничките развојни приоритети дополнително го потврдуваат значењето на соработката меѓу коморските асоцијации во справувањето со современите економски предизвици.
Учеството на Стопанската комора на овој настан претставува можност за зајакнување на регионалната соработка, размена на современи знаења и практики, како и поврзување на стопанските комори, со цел унапредување на деловното опкружување и конкурентноста на компаниите.
Генералното собрание се одржа во рамките на меѓународниот саем ИНДАГРА 2026, во Букурешт.