„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
10.03.2023
Денови на технологија и деловна соработка 2023 година
“Technology & Business Cooperation Days 2023”
https://technology-business-cooperation-days-2023.b2match.io/
04– 06 април 2023 година (xибриден настан), Хановер, Германија
Стопанската комора на Македонија во организација на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и Европската мрежа на претприемачи (ЕЕН), Ве покануваат да земете учество на денови на технологија и деловна соработка 2023 година, “Technology & Business Cooperation Days 2023, од 4 до 6 април 2023 година, во рамки на саемот Hannover Messe 2023 саемот, од 17– 20 април 2023 година.
На деновите на технологија и деловните средби, ќе присуствуваат компании од целиот свет, и учесниците ќе имаат можност да остварат директни деловни контакти со потенцијални партнери, добавувачи, подизведувачи и клиенти на четири главни теми, во делот на:
- Индустрија 4.0 и паметни производствени решенија
- Ресурси и енергетски ефикасни производствени технологии
- Одржлива енергија и мобилност
- Алатки за мерење на процесите
Зошто да учествувате:
- Претходно договорени средби со избрани потенцијални партнери, презентација на проектни решенија, производи и вештини
- Можност за иницирање на меѓународна соработка
- Размена на искуства со компании од други земји
- Состаноци и размена на мислења со стручни лица од индустријата
- Воспоставување на технолошка и деловна соработка
- Поддршка за проширување на меѓународна компанија
- Пристап до знаење за нови технологии и решенија
Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават со регистрација на следниот линк, најдоцна до 31.3.2023 година: https://technology-business-cooperation-days-2023.b2match.io/signup, каде што ги има и сите подетални информации во врска со настанот. Учеството на настанот е бесплатно.
Компаниите ќе имаат можност преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции, претходно сами да ги договорат билатерални состаноци со компании од нивен интерес. Претходно договорените сесии се со времетраење од околу 20 минути, кадешто учесниците ќе можат да воспостават комуникација, да најдат центри за заеднички истражувачки проект или да направат трансфер на технологија со нови деловни партнери.