„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Здружение на производителите на тутун и производи од тутун

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ТУТУН И ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН

Здружението на производителите на тутун и производи од тутун ги опфаќа стопанските субјекти и правни лица-индивидуални производители на ттун од оваа индустрија, производството и преработката на тутунот како и преработките од тутун во РМ.
Во Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Комората членуваат околу 27 стопански субјекти, значајни репрезенти на оваа индустрија, од сите гореспоменати дејности.
Со цел третирање на специфични интереси на членките, како посебни форми на делување во рамките на Здружението на производителите на тутун и производи од тутун формирани се две групации:
-Групација на откупувачи и преработувачи на тутун
-Групација на производители на тутунски производи
Здружението на производителите на тутун и производи на тутун на последната своја седница за претседател на Здружението го избра г-дин Мирослав Димитриески, Институт за тутун-Прилеп

 


ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Анита Блажевска, ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП, Скопје

Билјана Дескоска, АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА, Кавадарци

Игор Тодоровски, ТДР СКОПЈЕ, Скопје

Кире Станкоски, ТУТУНСКИ КОМБИНАТ АД - Прилеп, Прилеп

Христос Савидис, СОКОТАБ ДООЕЛ, Битола


ГРУПАЦИИ ВО РАМКИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

ОСВРТ врз извршениот откуп на суров тутун во лист од берба 2018/19 година

Согласно податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за производната 2018/19 година склучени се 24.854 договори или 6.000 помалку во однос на претходната 2016/17 година (34.445 договори) односно 14.000 (30%) намалување во споредба со 2013 година (42,367).

Според добиените информации од тутунските претпријатија, оваа година беа насеани вкупно 14.127 ха што е во однос на претходната, 2016 година на приближно исто ниво, односно намалување од 29% во однос на 2013 година. Од овие површини се откупени околу 19.000 тони или дури за 24% помалку од претходната, 2014 година (откупени 24,857), односно за 40% помалку во споредба со 2013 година (30,997).

Со просечно постигнатата откупна цена од околу 185 ден по кг (или 58% повисока од претходната), за да биде во целост откупено овогодинешното производство на суров тутун од реколтата во 2017/18 година (податок заклучно со 15.3.2016 година (19,000 кг. х 185 ден/кг ) ќе бидат потребни околу 3,515,000,000 денари или 57 милиони евра. Вредноста на субвенциите изнесува 2,154,695,000,00 денари ( 1 eur по кг предаден тутун од регистриран производител, независно категорија на тутун).

Оваа година за прв пат се случува за новата реколта, откупните претпријатија да извршат одредено намалување на бројот на склучени договори за производство на тутун. Ваквата состојба откупните претпријатија ја оправдуваат со намалената побарувачка на ориентални титпови тутун на светско ниво.

Година

Број на договори

Насади

-ха-

Откуп

- тони-

Просечна цена дн/кг

Субвенција

1991

37 543

20 818

-

   

1997

33 000

16 890

25 452

   

1998

54 661

21 657

20 880

   

1999

43 622

19 947

32 398

   

2000

34 254

22 785

28 122

   

2001

33 906

20 074

20 097

   

2002

26 971

20 615

22 500

   

2003

27 343

15 017

23 000

   

2004

38 493

15 204

19 839

   

2005

39 028

15 808

23 196

   

2006

29 230

15 072

23 083

118,1

295.215.000,00

2007

29 771

16 870

19 680

140,6

488.700.000,00

2008

30 519

17 185

16 280

167,4

725.670.000,00

2009

38 710

16 212

23 196

191,9

1.393.300.440,00

2010

40.743

18 846

26 393

136,6

1.583.580.000,00

2011

33.234

15.677

21 024

164,8

1.261.440.000,00

2012

29.090

14.609

27.993

180,2

1.679.580.000,00

2013

42.367

19.806

30.997

152.6

1.859.820.000,00

2014

34.445

14.030

24,857

117

1.452.820.000.00

2015

28.454

14.127

19.000

185

2,154,695,000,00

2018

27.380

13.980

25.446
Договорена количина

   

1. Откуп

Се откупи целата ланска реколта тутун до крајниот законски рок 15 март. Во земјава се откупени вкупно 19 000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм на обострано задоволство, и на тутунарите и на откупувачите.

Иако квалитетна, реколтата потфрли за 25 до 30 насто. Наместо 25 700 тони колку што откупувачите пријавија во Министерството за земјоделство, се откупија 19 000 тони. Иако за минатата реколта беа планирани околу 26.000 тони, произведено и откупени беа приближно 19.000 тони со просечна цена од 185 денари по килограм, односно беа откупени 71% од вкупно планираното производство (40-120% откуп по компании). Додека од реколтата 2013 година кога откупната цена беше пониска беа откупени 4,4% прва класа и 44,7 втора, во 2017 година учеството на прва класа во вкупниот откуп изнесуваше 12% односно 62% втора класа. Оваа година за откуп се пријавени десет компании и за прв пат по подолг период е присутен и типот ВИРЏИНИЈА.

Наспроти количинска малата, ланската реколта е квалитетна и тутунарите постигнаа добра просечна цена. Тутунарите, заедно со субвенциите од државата вкупно добија во просек по 4 евра за килограм тутун, што е добро и за тутунарите и за новата реколта тутун. Во моментов им се исплаќаат субвенциите на тутунарите кои, пак, паралелно ги прават подготовките за новата реколта.

Во 2018 година имаше договорено производство и на крупнолисен тутун од сорта вирџинија. Регулативата за овој тип е стара и мора да има измени. Откупот треба да започне знатно порано отколку што е законски предвидено за останатите типови а од страна на производителите постои и зголемен интерес. Од 2000 година кај нас ги нема ниту Берлејот ниту пак Вирџинијата, додека и оние мали количини кои ги имаше, беа откупувани “ на зелено”. Некогаш учеството на овој тип во вкупен откуп изнесуваше 10-12% и постои можност истиот да се врати. Тој не претставува конкуренција на ориенталниот тутун и добро е овој тип повторно да се врати, смета тој.

Производството и оваа година ќе биде на ниво на минатогодишното а беа направени анализи како истото може да се зголеми. Притоа, доколку откупувачите сакаат континуирано производство, треба да се посвети внимание на договорните цени. Оваа година иако имаше проблеми, добрите услови гарантираат добро производство и подобар квалитет. Бербата е сеуште во тек иако во моментот повеќе внимание производителите посветуваат на берба на раноградинарските култури. Дел од Пелагонискиот регион беше погоден од град а фармерите, поради отсуство на доверба кон осигурителните компании, не го имаат осигурано своето производство.

Откупувачите се оптимисте пред почетокот на откупот. Има разлика од договореното и откупот и количина од приближно 23.000 тони е реална. Квалитетот е добар и сега се зависи од временските прилики.

1.Тутун суров лист, неферментиран

1998

2002

2004

2005

2009

2010

2011

2012

2013

2014

2019

Количина (тони)

20 880

21 401

19 839

23 196

23 196

26 158

21 024

27.993

30.997

24,854

19.000

-Вредност во милиони денари

2.725

2 636

2.718

2.910

4.453

3.583

3.511

5.039

4.730

2,908

3,515

-Просечна цена ден/кг

130,5

123,2

137

125.4

192

137

167

180

152

117

185

Извоз на тутун и тутунски производи

Производ

Единична мера

1998

2002

2004

2005

2008

2010

2011

2012

2013

2014

2019

Фермен-тиран тутун

Тони

14.612

17.378

15.248

15.117

19,305

16.546

21.495

22.462

25.444

22.558

22,493

Просечна цена

САД $/кг

3,39

3,28

3,7

3,8

5,03

5,7

5,5

5,3

6.1

5.6

4.2

Цигари

Тони

3.760

3.000

2.317

2.315

2.547

3.7523

4.431

3,057

3,032

2.160

1,478

Просечна цена

САД $/кг

8,20

6,36

6,34

6,34

10,07

7.5

7.9

7,8

9,2

8,3

7,5

А ) Извозот на тутун и преработки во 2019 изнесува 23.971 што претставува благо намалување од 4% во однос на 2014 година кога беше реализиран 24.720 тони или намалување од 14% во однос на 2013, односно 4% во споредба со 2012 година.

Вкупните остварени финансиски резултати во извозот од тутун и тутунски производи во 2018 година изнесуваат 106.700 милиони САД$ [и бележи намалување од 28% споредено со 2014 година изнесуваат (146.213 милиони САД долари) или 40% во однос на 2013 година
(180.876,036).

Б.) Увезени се 3.480 тони тутун и тутунски производи или 9% повеќе во однос на претходната година (3,190 тони) односно 25% помалку споредено со 2013 година (4.595 тони).


Увоз на тутун и тутунски производи

Производ

Един. мера

1998

2002

2004

2005

2008

2010

2011

2012

2013

2014

2019

Ферментиран тутун

Тони

6.665

3.381

4.125

2.683

3.260

2,911

3,625

4,968

3,197

1,463

1,216

Просечна

Цена

САД$/ кг

2,35

2,48

2,04

3,04

3,22

4.67

4,09

4,52

5,4

5,3

4,8

Цигари

Тони

400

502

266

266

619

724

980

1,268

1,398

1,724

2,260

Просечна

Цена САД$/кг

6,67

5,80

13,8

13,8

9,49

10,8

11,06

10,4

12,1

13,7

7,84

Предлози по предлог закон за акцизи

Воведување на концептот „пуштање во промет“ при плаќањето на акциза
Согласно член 13 став 1 од сегашниот Закон за акцизи и член 8 став 1 од новиот Предлог закон "Акцизата настанува во моментот на пуштање на акцизните добра во промет на акцизно подрачје". Таквата одредба е во директна колизија со член 45 од постојниот Закон за акцизи и член 78 од новиот Предлог закон, кој предвидува дека “обврската за плаќање на акцизата за тутунските производи настанува во моментот на подигнување на акцизни маркици или во рок од 30 дена од моментот на подигнување на акцизни маркици, под услов да постои банкарска гаранција“.
Во моментот, плаќањето на акциза за тутунски производи по принципот на „пуштање во промет“ не е дозволено (односно со изнесување од акцизен склад), туку плаќањето се врши во периодот од 30 дена по подигнувањето на акцизните маркици под услов да постои банкарска гаранција. Ова укажува дека тутунските производи, а со тоа и оваа индустрија во целина, се ставени во неповолна положба во споредба со другите акцизни добра.
Акцизата по својата природа спаѓа во групата на индиректни даноци односно данок на потрошувачката, што значи дека нејзината наплата треба да биде што е можно поблиску до фактичката потрошувачка. Наместо тоа, со сегашниот Закон и со новиот Предлог закон за акцизи, плаќањето на акцизата се случува многу порано од реалната потрошувачка со што акцизата добива третман како да е директен данок од работењето на претпријатието. Притоа, акцизните маркици треба да имаат хартиена вредност, а не акцизна вредност, земајќи ја предвид нивната основна функција како алатка за контрола на количините на акцизни добра на пазарот.  

 

Иницијатива за повисоки откупни цени и стимулации кај тутунарите

Зголемувањето на откупните цени на суровиот тутун и тоа пред се на повисоките класи како и повисоки премии за 2008 година беа темите кои доминираа на состанокот на Здружението на производителите на тутун и производи од тутун одржано во Стопанската комора на Македонија на 29.11.2008 година.
Бидејки во интерес на Република Македонија е зголемување на производството на тутун, Здружението заклучи да предложи ва Владата на РМ да ги зголеми средствата на финансирање на активностите во примарното производство на суров тутун во 2008. Така да во ребалансот на буџетот предвидените средства во износ од 273,800.000 денари се зголемат на 900,000.000 денари и истите би се користеле за исплата на примарните производители на ттун за произведен ориентален ароматичен тутун од родот 2007 година. Во измената на Програмата за финансирање на активностите во примарното тутунско производство во 2007(службен весник на РМ бр. 62/07), во точка 2 да се предвиди исплатата да се врши процентуално при што процентот ќе се утврдува од просечната откупна цена на тутунот постигната за родот 2007 година на ниво на РМ, а исплатата ќе се врши на вредноста на откупениот тутун за секој производител поединечно кој има предаден тутун во тутунското птретпријатие-оѕткупувач. За унапредување на квалитетот на тутунот предлагаме од оваа финансиска подршка да бидат исклучени производителите кои ќе предадат тутун од класите 4 и 5.

 

Иницијатива за поднесување амандман од страна на Владата на Република Македонија по Предлог- Законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи

Согласно преодните и завршните одредби од Законот за тутун и тутунски производи (член 70, став 2), предвидено е правните лица ,производителите, увозниците и извозниците на цигари) обврските во врска со означувањето на цигарите и тутунските производи, да ги усогласат во рок од две години од денот на влегување во сила на овој закон, односно заклучно со 8 март 2008 година.
Во членот 72, став 1 од истиот Закон, предвидено е дека подзаконските прописи на овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон. Врз основа на истиот, а согласно член 45, став 2 од Законот, Министерството за здравство требаше да го донесе подзаконскиот акт со кој ќе ја определи големината на буквите за секое предупредување на одделно пакување. Ваквиот подзаконски акт се уште не е донесен, поради големиот број различни пакувања со различна големина и форма, присутни на македонскиот пазар. Од таа причина, дури и во измените на законот кој што е во процедура, се предвидува бришење на овој став, односно изземање на таков подзаконски акт.
Недонесениот подзаконски акт беше пречка за отпочнување со подготовки и активности од страна на производителите и увозниците на цигари, за усогласување на нивното работење согласно одредбите од членовите 43, 44, 45 и 46, кои се однесуваат на информациите кои треба да ги содржат пакувањата на тутунските производи.
Производителите и увозниците на тутунски производи овие активности нема да можат да ги започнат се до стапувањето во сила на предложениот Закон за измените и дополнувањата на Законот за тутун и тутунски производи, чие донесување и стапување во сила не може да се предвиди.
Со оглед на краткиот рок кој останува за усогласување на горенаведеното, односно до 8 март 2008 година, производителите и увозниците на цигари бараат Владата на РМ да интервенира со амандман на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи, со кој би се остварил разумен рок од најмалку шест месеци за усогласување со барањата на наведените членови од законот.
Истовремено, се бара да се остави и рок од три до шест месеци, во кој би се потрошиле паковките ставени во промет на мало, пред рокот за усогласување кај производителите и увозниците на цигари, а не се во согласност со спомнатите членови од Законот.

 

Инцијатива за финансирање на активностите во примарното производство

Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија ги разгледа предлозите за утврдување на стимулација на производство на тутун за берба 2006 година.
Претставниците на производителите како и откупувачите се сложија, освен оние 10% обезбедени од средства од надоместок кој се наменети за промоција, средства во висина до 10% да одат за финансирање на активностите во примарното производство. Тука пред се се мисли на испитувања на квалитет на почва, семе и сл. а за што Институтот за тутун приложи своја предлог-програма и ја презентира на присутните на состанокот а коај беше и подржана од присутните.
Според мислењето на претставниците на откупните фирми и производители, останатите 80% треба да се наменат за стимулации на примарните производители.
Согласно член 50 од Законот за тутун и производи од тутун, Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија предлага:
1.Надоместокот од прибраните средства за финансирање на активностите во примарното тутунско производство да бидат исплатени процентуално.
Процентот да се утврдува од просечната откупна цена на тутунот постигната на ниво на Република Македонија а исплатата да се врши на вредноста на откупениот тутун за секој производител поединечно.
2.Вториот предлог на Здружението на производителите на тутун и производи од тутун е идентичен како и претходниот со тоа што од него треба да бидат исклучени 4 и 5 класа на тутун.

Контакт лице: Васко Ристовски
оперативен директор за развој, иновации и знаење

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: vasko@mchamber.mk