„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.11.2018
На 14.11.2018 година, Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија одржа седница и расправаше за предложените закони од економската и финансиската област, што се од интерес на членките од ИТ-секторот.
Компаниите - членки на Здружението сметаат дека најсоодветен начин за уредување на прашањето за обезбедување дополнителни средства во буџетот на Република Македонија е во сеопфатното зафаќање од сите субјекти и елиминација на „сивата“ економија, вклучувајќи го и нерегулираниот бизнис преку интернет.
Посебно внимание треба да се насочи кон искористување на сите расположливи можности за рационализација на расходите и нивна максимална реализација во функција на развојот и динамична стопанска активност. Потребено е перманентно следење на билансите на приходите и расходите, во насока на обезбедување подобар квалитет на јавните услуги, вложувања во унапредувањето на социјалниот, образовниот и здравствениот систем, но и рационализација на процесите на државната администрација.
Укажувањата се дека вакви системски промени, најавени на крајот од годината, се дополнителен притисок врз стопанството и не се донесени во партнерски однос со стопанството, без навремено усогласување за да можат субјектите да го приспособат своето работење, особено при утврдувањето на финансиските планови за следната година.
Членките на Здружението побараа преиспитување на термините за стапување во сила на предложените закони, со цел спроведување на широки консултации за оценување на ефектот врз ефективното работење, продуктивноста и деловното опкружување.
17.05 2017
Здружението на информатичко-комуникациските технологии на 17.5.2017 година одржа состанок во Стопанската комора на Македонија со претставници на кабелските оператори, во врска со проблемите со високите финансиски оптоварувања со кои се соочуваат компаниите - кабелските оператори во Република Македонија.
Компаниите укажаа дека сегашните зафаќања од остварениот приход на кабелските оператори (особено за наплата на авторските права и филмскиот фонд), како и другите финансиски обврски, се пазарно нереални и претставуваат можен предуслов и закана за прелевање на товарот на крајниот потрошувач, преку вградување на дополнителните трошоци во сметките на граѓаните.
07.03.2017
На 7 март 2017 година претседателот на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија имаше состанок со претставници од „PwC“ од Луксембург. Цел на средбата беше размена на мислења во врска со Студијата на изводливост (физибилити студија) за воспоставување Центар на извонредност (Centre of Excellence), кој би ги покривал земјите од Западен Балкан.
Студијата е финансирана од страна на Европската инвестициона банка (ЕИБ), а фокусот на студијата е на иновации во две области: Информациски и комуникациски технологии и Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
26.09.2016
Стопанската комора на Македонија преку Здружението на угостителството и туризмот и Здружението на информатичко-комуникациските технологии, во соработка со Американската стопанска комора во Македонија, подржана од ЕУ твининг проектот “Зајакнување на заштитата на правата од интелектуална сопственост”, на денешната прес конференција (26.9.2016 година), организирана во Комората, информираше за заклучни согледувања од страна на бизнис заедницата кои беа усвоени по одржувањето на Тркалезната маса на 22 септември на тема “РЕАЛНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА”.
На тркалезната маса, претставниците на бизнис секторот ја потврдија својата одлуката дека треба да се плаќа надомест за авторското право и сродните права, во насока на негување на авторските дела, но при тоа се забележува на висината на трошоците кои ги имаат согласно оваа обврска и бараат изработка на Правилник со тарифа за користење авторски музички дела кој ќе обезбеди соодветен надомест за авторите од една страна и економски одржливи трошоци на другата страна.
15.06.2016
Заради ефикасно остварување на специфичните интереси во рамките на прометот со ИКТ-опрема, на иницијатива на повеќе компании, на 15.6.2016 година се одржа конститутивна седница на која се формираше Групација за промет со ИКТ-опрема како посебна форма на организирање и работење во рамките на Здружението на информатичко-комуникациски технологии.
Групацијата ќе работи на разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, ќе усвојува заклучоци и ќе предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а согласно законските прописи и добрите деловни обичаи. Покрај тоа, Групацијата ќе разгледува предлози на закони и други прописи, ќе дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и ќе покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите.
За претседател на Групацијата за промет со ИКТ-опрема е избран Бобан Тотовски, генерален менаџер на „ТНТ ИТ Маркет“ - Скопје, а за заменици-претседатели се избрани Никола Настевски од „Нико Фон“ - Скопје и Горан Димитровски, директор на „АМЦ“ - Скопје.
29.09.2015
За претседател на Управниот одбор, а со тоа и претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии повторно беше избран г-дин Благој Христов, а за потпретседател беше избран г-дин Герасим Ванчев.
29.09.2015
Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на својата редовна седница, одржана на 29.9.2015 година, расправаше за начинот на реализација и активното учество на членките од ИКТ-секторот во предвидените активности на донесената Национална краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план. Здружението учествуваше во Работната група за изготвувањето на овој значаен документ и даде најмногу забелешки и мислења, кои се усогласени и инкорпорирани во усвоените документи.
15.07.2015
На иницијатива на Владата на Република Македонија, а во соработка со приватниот сектор, академската заедница и невладиниот сектор, во изминатиот период се изготви Предлог-краткорочна стратегија која ќе им овозможи на домашните ИКТ-компании да отвораат нови работни места и да развиваат софтвер и услуги не само за Македонија, туку и за извоз, бидејќи сите анализи покажуваат дека Македонија има голем ИТ-потенцијал и е добра дестинација за странските директни инвестиции од оваа област.
21.04.2015
На 21 април 2015 година, претставници на Светската банка остварија работна средба со Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија на теми поврзани со барањата на приватниот сектор за отворени база на податоци на Владата, како и за тоа како приватните компании, што работат во Република Македонија, би можеле да понудат решенија за големи бази на податоци.
19.06.2014
На средбата се разговараше на теми поврзани со местото на информатичко комуникациските технологии во развојот на македонската економија и примената на иновативните светски решенија и развојот на човечките ресурси во секторот во Република Македонија.
ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ - Во тек е подготовката на новиот текст на Законот за електронски комуникации. Доколку имате Ваши предлози, мислење или сугестии во однос на одредби што би биле дел од новиот Закон за електронски комуникации, доставете ги до Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија (за да можеме да ги сублимираме) во следнава форма:
- Да се дефинира членот од ЗЕК за кој се предлагаат измени;
- Причина за предложената измена;
- Предлог изменета на членот; и
- Референца врз основа на која Директива од ЕУ се базира предлог измената.
Искористете ја оваа рана фаза на подготовката на новиот текст од Законот, кога се поголеми можностите за Ваше и наше реално учество со посоответни решенија за македонските компании од ИТ секторот.
Повеќе на: http://www.mioa.gov.mk/?q=node/217
Заедничка седница на Здруженијата на информатичко-комуникациски технологии и на металната и електроиндустријата - расправаа за управување и отпад со електрична и електронска опрема - НАВРЕМЕНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ
Со стапувањето во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електрoнска опрема („Сл. Весник на РМ“ 06/12) целосно се заокружува процесот на хармонизација на националното законодавство во областа на управување со отпадот и посебните видови на отпад.
Презентација на сервисот Market Intelligence - ONLINE МЕРЕЊЕ НА Интернет Аудиториум
Во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на сервисот Market Intelligence, по повод воведување на системот за Online мерење во Република Македонија. Овој систем подразбира мерење на Интернет аудиториумот, односно мерење на домашните веб сајтови. Со овој сервис се очекува да се придонесe во развојот на Интернетот во Република Македонија, како медиум со најголема стапка на раст во последните години.
Седници на здружението
Благој Христов, „Македонски телеком“ - Скопје, Претседател на Управниот одбор.
Претседателот на Управниот одбор е и претседател на Здруженнието за Информатичко-комуникациски технологии.
Игор Димитровски, „ИБМ Претставништво во Македонија“ – Скопје, потпретседател.
Членови на Управниот одбор на Здружението за Информатичко-комуникациски технологии се:
1. Благој Христов, „Македонски Телеком“ - Скопје;
2. Игор Димитровски- „ИБМ Претставништво во Македонија“ – Скопје.
3. Антони Пешев- „Ултра“ Скопје;
4. Герасим Ванчев, „Семос“ – Скопје;
5. Миле Младенов, „Аквила„ – Скопје;
6. Сања Ладинска, „Санком тех“ – Скопје;
7. Петар Индовски- Горд Системи“- Скопје;
8. Васко Павловски- „ЕЦС груп“- Скопје;
9. Душко Сапунџиев, „Инел Интеренатионал“-Кавадарци.
За претставник од Здружението на информатичко комуникациските технологии, во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период од 2015-2020 година, се избира:
Благој Христов, од Македонски Телеком АД, Скопје
Здружението за информатичко-комуникациски технологии
Здружението за информатичко-комуникациски технологии е здружение во рамките на Стопанската комора на Македонија, во кое членуваат компании од областа на: ПРОИЗВОДСТВО НА ХАРДВЕР, ДИСТРИБУЦИЈА И ПРОДАЖБА НА ХАРДВЕР, ПРОИЗВОДСТВО НА СОФТВЕР, ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ (оператори на мобилни, фиксни, кабелски и др. мрежи и даватели на услуги), образовани од областа на ИКТ, консалтинг ИКТ компании.
Членките во Здружението се партнери, иницијатори и активни учесници во реализација на целите на здружението.
Тела во рамките на Здружението се Управен одбори претседател и заменик-претседател на Здружението. Согласно Статутот и Законот на Комората, Здружението предлага и еден член во Собранието на Стопанската комора , како највисокото тело во структурата на Комората.
Здружението може да соработува со други сродни асоцијации и здруженија во Македонија и надвор од земјата, какао и да членува во соодветни европски и светски организации.
Здружението може да соработува и со други организации при реализација на заеднички проекти од интерес на членките на Здружението.
Доколку постои интерес според Законот може да се формираат и Групации во рамките на Здружението.
ВИЗИЈА
“Конкурентност, иновативност и регулација на пазарот на ИКТ во Македонија”
МИСИЈА
“Конкурентност, иновативност и регулација на пазарот на ИКТ во Македонија”
СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ
- Преку развој на ИКТ секторот, развој и на македонската економија.
- Зголемување на инвестициите во ИКТ секторот
- Зголемување на извозот во ИКТ секторот, преку креирање на национални ИКТ производи.
ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
- Промоција на членките на Здружението
- Координација на заедничките интереси
- Заштита на интересите на членките.
- Преставување на заедничките интереси пред државните органи
- Директна соработка со ресорни Министерства
- Делегирање на преставници во координативни тела и групи во рамките на државните органи од областа на економијата
- Соработка со државните органи при разгледување на нови регулативи
- Промовирање на конкуррентност на пазарот, имплементирање на стандарди и заштита на потрошувачите
- Подготовка на анализи на пазарот и предлози за разрешување на нерегуларности на пазарот
- Почитување на заштитата на индустриската и интелектуална сопственост и права.
- Организирање на настани и учество на конфернеции на национално и меѓународно ниво.
- Здружението актиувно учествува и во сите активности во рамките на Стопанската комора на Македонија, и ги користи и останатите придобивки и услуги како и членките на другите здруженија.
Благој Христов Претседател, МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, Скопје
М-р Герасим Ванчев Заменик претседател, СЕМОС, Скопје
Александар Поп Ристов, ИНТЕРВОРКС ( IW Connect ), Битола
Александар Пајковски, ДУНА, Скопје
Антонио Јаневски, КОДАРТ НЕТВОРК, Скопје
Весна Јорданова, ЕЛИКОСОФТ, Скопје
Зоран Деспотовски, ЦСС Зоран, Скопје
Митко Пиперкоски, ИНТЕК СИСТЕМ, Скопје
30.01.2019
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, 94.4 % од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.
Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 81.5 % од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Од вкупниот број на деловни субјекти, 53.9 % имале веб-страница или почетна страница. Од нив, 89.6 % на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 51.7 % имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 21 % обезбедиле онлајн нарачување или резервирање.
Во однос на е-трговијата, 5,7 %, од деловните субјекти, со Е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 4,4 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги, преку Веб-продажба.
15.08.2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, од јануари 2017 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91.2% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G), имале 63.0% од деловните субјекти. Ваков тип мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: ноутбук, лаптоп, смартфон, телефон PDA итн.), за деловна намена, користеле 14.5% од вработените во деловните субјекти.
54.2% од деловните субјекти користеле социјални медиуми (на пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, алатки Wiki итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење одреден социјален медиум.
Околу 49% од деловните субјекти имале веб-страница или почетна страница, од нив, 80% на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 59% имале наведено линкови/референции до нивните профили на социјалните медиуми, а 21% обезбедиле онлајн нарачување, резервирање.
Во текот на 2016 година, 10.3% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 6.0%, а е-купувања имале 5.8% од деловните субјекти.
Во ИКТ секторот има 1.446 активни претпријатија (на крајот на 2013), каде работат 16.205 вработени или 2,4% од вкупната вработена работна сила (2Q 2014), кои придонеле 4,1% од вкупната додадена во земјата, или 288,3 €. Во 2013 година овој сектор извезол информатички услуги во вредност од 119,7 милиони € што претставува 13% раст во споредба со 2012 година. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е 564 € (август 2014 година).
Кога ќе се исклучи "К" (комуникаци) од „ИКТ“ тогаш повеќето од компаниите во ИТ секторот се концентрирани во Одделението 62: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни активности.
ИТ секторот на крајот на 2013 година се состоел од 539 активни компании, од него 88% микро и 11% мали претпријатија, што претставува раст од 30% во текот на 2010 година. Овие компании вработиле 2.586 работници во 2013 година, што претставува пораст од 123% во текот на 2010 година и придонесува со бруто додадена вредност од 33,13 милиони € во 2011 година во Одделението 62 (10,7% од вкупниот ИКТ сектор), што претставува зголемување од 48% во споредба со 2009 година. Покрај ова, бруто додадената вредност по вработен во Одделението 62 било 13.530 € (2011), а просечната месечна плата по вработен во Секторот за 62 во август 2014 година била 738 €,што претставува пораст од 47% во текот на 2010 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, од јануари 2016 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.8% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 69.3% од деловните субјекти. Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop,
smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 14% од вработените во деловните субјекти.
52.5% од деловните субјекти користеле социјални медиуми (пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење на одреден социјален медиум. Повеќе на http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=76&rbr=2136
20.08.2015
Ве известувам дека Владата на Република Македонија, на својата седница одржана на 19ти август 2015 година, ја усвои Националната Краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план.
1.09.2014
( Повеќе )
Од ИТУ измериле дека македонскиот ИДИ изнесува 5,77. Во Европа сме на 36. место за 2013 година, а во глобални рамки на 60. место, но лани сме направиле скок од две места во однос на 2012-та. Со понизок развој на ИКТ од нашиот се Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и на дното на листата е Албанија со ИДИ 4,72
Данска, Шведска и Исланд се на првите три места на листата на европски држави со највисок индекс ИДИ кој го мери развојот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ).
Овие северноевропски држави се и на врвот на глобалното рангирање за 2013 година, држејќи го првото, третото и четвртото место на ИДИ индексот кој комбинира 11 индикатори во една репер мерка која служи за следење и споредување на ИКТ во земјите во светот, односно за нивната развиеност и распространетост во користењето на информатичките технологии.
За споредба, данскиот ИДИ изнесува 8,86, Шведскиот е 8,67, а многу блиску е и исландскиот - 8,64.
Овие бројки се содржани го годишниот извештај на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) при ОН, каде е подготвен список на земји кои имаат најголем број интернет-корисници по глава на жител, како и држави во кои интернетот најбрзо се шири.
Според овој извештај, европскиот просек на ИДИ е 7,14.
Каде се наоѓа Македонија во оваа конкуренција.
Од ИТУ измериле дека македонскиот ИДИ изнесува 5,77 и со тоа се наоѓаме во долниот дел од табелата.
Во Европа сме рангирани на 36. место за 2013 година, а во глобални рамки на 60. место, но лани сме направиле скок од две места во однос на претходната година.
Со понизок развој на ИКТ од нашиот се Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и на дното на листата е Албанија со ИДИ 4,72.
Босна и Херцеговина иако е во долниот дел на ранг-листата, во 2013 година има направено најголемо подобрување од сите европски земји споредено со 2012 година и тоа со скок од 74. на 69. место.
Но, има и европски земји со пад на ранг-листата на индексот ИДИ. Кај Полска падот е седум места, Црна Гора е шест, Грција и Португалија паднаа за четири места, а Хрватска, Кипар и Чешка за три места и го загубија чекорот со земјите од Заедницата на независни држави, Северна и Јужна Америка, како и регионот на арапските држави чиј развој на ИКТ оди нагоре.
Инаку, три милијарди луѓе во светот моментно користат интернет, а Данска е земја со најбрза стапка на раст на нови корисници по глава на жител.
До крајот на оваа година околу седум милијарди луѓе ќе користат мобилен интернет, што е всушност еквивалентно на бројот на луѓето во цел свет.
Иако мобилниот интернет е од клучно значење за оние кои живеат во рурални и неразвиени подрачја, голем дел од овие седум милијарди се корисници кои имаат повеќе профили и живеат во економско силни општества.
Пристап до интернет од дома имаат три четвртини од европските домаќинства.
Највисока пропорција на домаќинства приклучени на Интернет се наоѓаат во Исланд (96%), Луксембург (95%), Холандија (95%) и Норвешка (94%).
Албанија е последна со 22% пенетрација на домаќинства со пристап на интернет.
Безжичниот широкопојасен интернет е достапен во секоја европска земја, а големо мнозинство на земјите имаат стапка на пенетрација од над 50%.
Води Финска со 123,4%, Шведска 110% и Данска 107%, додека Албанија, Унгарија, Босна и Херцеговина се со најниски стапки.
БиХ има најголем раст на пенетрацијата на безжичен интернет од 12% на 24% во однос на 2012 година, во Македонија растот е од 19% на 28%.
Пенетрацијата, пак, на фиксниот широкопојасен интернет во регионот изнесува 27% на крајот на 2013 година, а глобалниот просек е 9%.
Сите балкански земји се над европскиот просек, исклучок е само Албанија каде само 6% од домаќинствата користат фиксен широкопојасен интернет.
Според последното објавено соопштение на Државниот завод за статистика од оваа област, во Република Македонија, во јануари 2012 година, 87% од деловните субјекти со 10 и повеќе вработени имале широкопојасен пристап на интернет. Во јануари 2012 година, 33% од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно, а 28% од вработените, најмалку еднаш неделно користеле компјутер со пристап на интернет. Приближно една четвртина (26%) од деловните субјекти, на своите вработени, за деловна употреба, им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет, а 36% за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта, документите или апликациите на претпријатието. Евидентирано е дека 17% од деловните субјекти (10+) имале вработено лица со специјалистички вештини за ИКТ/ИТ. Најголем процент на вработување на специјалисти за ИКТ/ИТ е забележан кај големите претпријатија со 250 или повеќе вработени (62%).
27.12.2018
14.11.2018
02.04.2018
17.05.2017
07.03.2017
07.11.2016
19.10.2016
29.01.2016
03.11.2014
19.09.2014
19.06.2014
23.4.2014
17.04.2013 Соопштение
- Да се дефинира членот од ЗЕК за кој се предлагаат измени;
- Причина за предложената измена;
- Предлог изменета на членот; и
- Референца врз основа на која Директива од ЕУ се базира предлог измената.
09.12.2011 Соопштение
27.01.2010 година
Покана од Седницата на Здружението одржана на 27.01.2010 година
Записник од Седницата одржана на 27.01.2010 година
Одлука за избор на претставник во Собранието на Стопанска комора на Македонија
Одлука за промена на називот за Здружението
24.09.2010 година
1. Предлог-Записник од Седницата на Здружението одржана на 24 септември 2010 година ,
2. Одлука за избор на органи на Здружението .
- Преку развој на ИКТ секторот, развој и на македонската економија.
- Зголемување на инвестициите во ИКТ секторот
- Зголемување на извозот во ИКТ секторот, преку креирање на национални ИКТ производи.
- Промоција на членките на Здружението
- Координација на заедничките интереси
- Заштита на интересите на членките.
- Преставување на заедничките интереси пред државните органи
- Директна соработка со ресорни Министерства
- Делегирање на преставници во координативни тела и групи во рамките на државните органи од областа на економијата
- Соработка со државните органи при разгледување на нови регулативи
- Промовирање на конкуррентност на пазарот, имплементирање на стандарди и заштита на потрошувачите
- Подготовка на анализи на пазарот и предлози за разрешување на нерегуларности на пазарот
- Почитување на заштитата на индустриската и интелектуална сопственост и права.
- Организирање на настани и учество на конфернеции на национално и меѓународно ниво.
- Здружението актиувно учествува и во сите активности во рамките на Стопанската комора на Македонија, и ги користи и останатите придобивки и услуги како и членките на другите здруженија.
- Членство во активно здружение или групација соодветно спрема вашата дејност, кое ги застапува Вашите интереси.
- Пристап кон базата на знаење на Комората.
- Објавување на податоци на Вашата компанија во регистарот на фирми на web-порталот на комората
- Бесплатно учество на семинари, работилници, обуки, Бизнис форуми во организација на Комората.
- Бесплатен електронски newsletter со сите случувања, иницијативи и тековни активности на Стопанската комора на Македонија.
- Пребарување на актуелни тендери/проекти
- Подготовка на тендерска документација
- Можност за закуп на рекламен банер на Вашата компанија на коморскиот сајт.
- Можност за имплементација на стандарди за квалитет ( ХАСАП, ИСО -9001, ИСО-14001) како и сертификација на веќе имплементирани стандарди.
- Можност за издавање на салите на Стопанската комора на Македонија, логистичка подршка и техничка опрема за презентација на Вашата компанија
- Издавање на Уверение за преферцијален третман " Форма А", Уверение " Ориџин ", проучување на документација, упис во регистарот, издавање на потврда за Ексклузивни права.
- Заверка на документи (ф-ри , договори , ценовници), потврди за членство, препораки за виза, потврди за единствен производител
- Објавување на Вашата понуда/побарувачка
- Автоматско спојување на Вашата со странска понуда побарувачка
- Можност да си креирате свој сопствен пакет на коморски услуги, спрема потребите на Вашето деловно работење.
- Информации за актуелни регулативи,препораки упатства, царински режими на ЕУ
- Промоција на Ваш производ или услуга преку Е-маркет центарот на web-порталот на комората.
- Електронска промоција на ново регистрирани компании во Р.Македонија до македонското стопанство.
- Логистичка поддршка за организација и посета на саеми и други манифестации во странство ( организација, авионски или автобуски превоз до дестинацијата и назад, резервација на хотелско сместување, обезбедување на влезници за манифестациите, посредување при вадење на визи, контакти со организаторите и други услуги по Ваше барање.
- Решавање на деловни спорови преку Арбитража при Стопанската комора на Македонија
- Правни совети,стручна помош пред судови и други институции, изработка на општи акти, договори, заштитан а индустриска сопственост, регистрација во трговски регистар и слично.
- Обезбедување на информации од странски пазари на Ваше барање за ИКТ секторот
- Подготовка на стручни анализи по дејности
- Мислења за исполнување на економските услов.
-Пристап со законската регулатива на Република Македонија на web - порталот на комората.