„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Здружение на земјоделството и прехранбената индустрија

Во Македонија земјоделството, заедно со прехранбената индустрија вработува 10% од вкупно вработените кај правните лица, а во вкупниот БДП учествува со 18% , од кое само земјоделството и рибарството со 12% , со 6% прехранбената индустрија. Со производство и преработка на храна во Македонија се занимаваат 7100 претпријатија.

Членките на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија, согласно својата поконкретна дејност и интереси, во рамките на нивната кровна асоцијација -Здружението, организирани се во посебни организациони форми -групации кои ги застапуват интересите од гранката на која и припаѓаат , меѓу кои:

- даваат предлози и ги застапуваат интересите на членките од својата дејност при донесувањето на мерките на економската политика од страна на државните органи,
- учествуваат во изработката на законодавната регулатива во земјоделството и прехранбената индустрија преку давање на мислење, предлози за нивно изменување или дополнување во процесот на нивното донесување,
- иницираат и предлагаат одредени системски мерки и законски решенија во функција на унапредување на условите за производство на храна,
- организирано заеднички настапуваат на одделни саеми, бизнис форуми и други пропагандни активности во земјата и странство,
- меѓусебно се помагаат во одделни практични зафати ( заеднички извоз, заедничка набавка на одделна суровина од увоз и др) во интерес на унапредување на производството и пласманот на домашниот и странскиот пазар

Престедател на Здружението е Ѓорѓи Петрушев-"Млекара Битола АД"-Битола


ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Веле Ристевски, ЕДИНСТВО, Тетово

Влатко Ѓорѓиевски, МИК СВЕТИ НИКОЛЕ, Свети Николе

Ирена Брцкова, ПИ КРИСТАЛ 1923 (БЛАГОЈ ЃОРЕВ), Велес

Коста Ташков, БРИЛИЈАНТ, Штип

Николчо Горгиев, МАК МЛИН, Чешиново Облешево

Ристо Јосифовски, ВИВАКС, Скопје


АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Земјоделството (вклучително лов, шумарство и рибарство) е третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Учеството на земјоделскиот сектор во вкупниот БДП остана релативно стабилен со околу 10-12%, а заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 1-18%.

Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија се значително поголеми од прикажаните, затоа што расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови (220 сончеви денови во годината).

Но македонското земјоделство во изминатите 20 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги прошири можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција.

При тоа, напуштањето на ценовната поддршка на земјоделските производи во 1997 година, за разлика од ЕУ и соседните земји, услови нелојална конкуренција од увозното субвенционирано производство. Отсуството на други мерки, како супституција на укинатите субвенции, услови продлабочување на дефицитот од година во година.

На планот на заштитата, со одделни несоодветни стапки директно се влијаеше на намалувањето на производството. Царината на белиот шеќер, пивскиот слад, месото за преработка, овошните каши наспроти бесцаринскиот увоз на готовите производи, ги чинише понеконкурентни и ги стави во нерамноправни услови на стопанисување домашните произвподители на прехрранбени производи.

Владата на РМ од 2006 година ги врати субвенциите, кои од 20 мил. евра во 2007 година, буџетските средства за субвенции во земјоделството се зголемија на 45 милиони евра во 2008 година, 70 милиони во 2009 година, 100 милиони евра за 2010година, и 140 мил. евра за 2019 година, а кај значаен број суровини за прехранбената индустрија се намали или се укина царинската стапка.

Но, и покрај системската поддршка, производните резултати во земјоделксиот сектор не забележаа подинамичен пораст. Одговорот за тоа, кои се причините и кои се клучните приоритети за позитивни движења во сите гранки на земјоделскиот сектор, ќе биде предмет на расправа на наредната седница на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија.

ОСТВАРЕНИ РЕЗУЛТАТИ

1. Физички обем на производството - Стапката на производството во последниве години бележеше намалување во однос на претходната година, со исклучок во 2010 година, кога забележа пораст од 7,7%.

Табела 1. Стапка на физички обем на производството /2005=100

 

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2019

земјоделско

90,2

94,8

93,0

97,1

100,0

107,7

102,1

98

индустриско

94,7

100,3

104,2

109,5

100

95,2

103,5

96

Во споредба со движењето на физичкиот обем на индустриското производство, во сите години земјоделството остварува пониска стапка, освен во 2010 година кога индустријата забележа намалување од 5%, а земјоделството пораст од 7,7%.

2. КОРИСТЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ

Во 2019 година, површината на македонското земјоделско земјиште изнесуваше до 1.121 илјади хектари, што во однос на 2005 година бележи намалување од 8,5%.

Во структурата на земјоделското земјиште, 44,2% или 509,000 хa зафаќа обработливото земјиште, кое во 2018 година забележа намалување од 5,3% во однос на 2005 година, 55,6% или 611 илјади ха зафаќаат пасиштата, кои исто така бележат намалување за 11%.

Наведената тенденција во намалувањето и на обработливото земјоделско земјиште е присутна уште од 2001 година, која тенденција не ја смени насоката и покрај позитивните системски мерки на економската политика во изминатите четири години.

Тенденција на намалување има кај ораниците и бавчите од 5,5%, кај лозјата 6%, а пораст од 7,6% кај овошните градини.

Од вкупнo 415 илјади ха под ораници и бавчи во 2019 година беа засеани 277 ха, еден хектар е под расадници. Под угари и необработена површина се 137 ха, што е 33% неискористен потенцијал од ораниците - обработлива земјоделска површина за производство на храна. Засеаната површина во 2015 година, во однос на 2006 година, намалување бележи кај пченицата за над 19 000 ха, кај јачменот за над 5.500 ха, пченката за 3.200ха, а зголемување кај оризот за 2000 ха.

Шеќерната репа веќе од 2008 година не се одгледува, а кај сончогледот има благо позитивно поместување за 337ха.

3. ПРОИЗВОДСТВО

3.1. Поледелство - Согласно движењето во засеаната површина, производството на пченица се сведе на 243,000 тони, што е 27% помалку од истото во 2006 година, пченката на 130 000 тони со намалување од 13%, сончогледот бележи блага тенденција на пораст по неговото скоро исчезнување, ако се земе предвид дека во 1991 година се произведувале 38,6 илјади тони.

Тутунот задржа стабилно ниво, со одредени осцилации зависно од неговата конјунктура на светкиот пазар, согласно која во2019 година достигна 30.000 тони, или за 3000 тони повеќе од 2005, а за 5000 тони повеќе од 2006 година.

3.2 Во градинарството , пораст во физичкиот обем на производството е остварен скоро кај сите култури, најголем пораст се оствари ка производството на пипер од 37% , а кај доматот од 44% во 2019 година во однос на 2005 година.

Постигнатите резултати во физичкиот обем на производство главно произлегуваат од поголемиот принос по единица површина (од 15,6 тони/ха во 2005 на 19,8 тони/ха во 2019 година кај пиперот, кај доматот од 20,3 тони/ха во 2005, на 29,7 тони/ха во 2019 година), а со мало зголемување на засеаната површина (пипер од 8.200 на 8.400 ха, домат од 5.700 на 5.800ха). Извор: ДЗС

3.3.- Кај добиточниот фонд , бројот на говедата во 2019 година има пораст од 1,7% во однос на 2006 година, но во рамките на истиот - матичното стадо гледано преку бројот на крави и стелни јуници е намалено за 17%, или за 28.000 грла. Бројот на овци е намелен за 18%, на живина за 23%, а бројот на свињи забележа пораст од 14%, но матичното стадо – бројот на маторици и спрасни назимки остана на исто ниво. Бројот на пчелни семејста оставри пораст од скоро 12%.

Производството на кравјо млеко од 2005 година наваму забележа значителен пораст, така што од 197 милиони литри во 2005 година се намали на 103 милиони литри во 2015 година, или за 76%, и со намалениот број на грла,

- Производството на овчо млеко е намалено од 56,5 милиони литри во 2005 година, на 32,2 милиони литри во 2019година, или за 20 милиони литри, како поради намалениот број на грла за 18% во наведените години, така и поради намалените литри по грло од 65 во 2005 годиина на 60 литри по грло во2019 година.

Производството на месо во 2019 година е намалено за 17% во однос на 2006 година, а одделно по категории, кај говедското за 18% (од 7.000 на 6.000 тони), кај свинското за 4% (од 8.300 на 8.100 тони), овчото за 33% (од 7.000 тони на 4.200 тони) и кај живинското месо за 13%.

4.НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА

Извозот од агроиндустрискиот сектор (прехранбени производи, пијалаци и тутун) во вкупната надворешно-трговска размена се движи во рамките од 16% до 18% во одделни години. Со проширувањето на пазарот, извозот на истите бележеше позитивна динамика, но со пониска стапка на пораст од порастот на увозот. Додека извозот забележа пораст од 38,6% во 2016 година во однос на истиот од 2006 година, увозот забележа пораст од 53,4%, или за 14,8 процентни поени повисока динамика на пораст од извозот.

Вкупниот извоз на производи за храна, пијалаци и тутун во 2006 година изнесуваше 383 милиони САД $, а увозот 401 милиони САД $, при што дефицитот изнесуваше 18 милиони САД $, а истиот во 2019 година се зголеми на 84 милиони САД $ (извоз од 531 милион САД $, а увоз од 615 милиони САД$. Во 2008 година дефицитот изнесуваше 144 мил.САД $).

Дефицитот во надворешно-трговската размена кај агроинустрискиот сектор главно произлегува од трговскиот дефицит кај производите за храна, а се ублажува со суфицитот кај пијалаците и тутунот.

Извозот на производи на храна од 191 милиони САД $ вo 2006 година, достигна 328,7 милиони САД $ во 2019 година, со пораст од 72%, а увозот од 369,2 милиони САД $ достигна 558,1 милиони САД $, со пораст од 51%.

Иако динамиката на увозот е за 21 процентни поени пониска од увозот, сепак трговскиот дефицит кај производите за храна забележа пораст од 28,9% или од 177 милиони САД долари во 2006 година. Во 2018 година изнесуваше 229,4 милиони САД долари (во 2008 година 312,4 милиони САД $ кога достигна највисоко ниво во изминатите години (во 2009 година - 277 милиони САД $). Покриеноста на увозот со извозот се движеше од 48 до 53%, единствено во 2015 година достигна скоро 59%.

Наведениот дефицит се ублажуваше со суфицитот во надворешно-трговската размена кај пијалаците и тутунот, кој постепено се намалуваше поради повисоката стапка на пораст кај увозот за 75 процентни поени од стапката на пораст кај извозот (стапка на пораст кај извозот 5,5%, а кај увозот 79,3% во 2018 година во однос на 2006 година).

Извозот од 163 милиони САД $ во 2005 година, достигна 202,5 милиони САД $ во 2019 година, а увозот од 31 милион САД $ се зголеми на 57,6 милиони САД $. Сепак извозот е скоро три пати поголем од увозот, што соодветно го намалува дефицитот во наворешно-трговската размена во агроиндустрискиот сектор.

Согласно наведеното, и покрај расположивиот неискористен потенцијал на обработливо земјоделско земјиште и пасишта, сепак земјата е нето-увозник на земјоделски и прехранбени производи, што се согледува од наведената разлика меѓу увозот и извозот по количини во 2019 година.

Табела 3: Извоз и увоз во 2019година / во килограми

 

извоз

увоз

разлика

Живи животни, освен животни од отсек 03

2.425.735

182.748

2.212.987

Месо и преработки од месо

8.329.335

63.199.305

-54.869.970

Млечни производи и јајца

3.775.455

28.996.740

-25.221.285

Риби и преработки од риби

1.627.780

7.162.402

-5.534.622

Жита и преработки од жита

26.675.449

182.840.376

-156.164.927

Овошје и зеленчук

404.652.900

73.161.086

331.491.814

Шеќер, преработки од шеќер и мед

4.358.223

102.125.111

-97.766.888

Кафе, чај, какао, зачини и производо од истите

4.905.049

20.083.619

-15.178.570

Добиточна храна (освен жита во зрна)

3.306.521

45.680.177

-42.373.656

Разни производи за исхрана и преработки

11.436.082

23.489.236

-12.053.154

Пијалаци

135.981.000

50.066.406

85.914.594

Тутун и производи од тутун

20.694.719

5.341.229

15.353.490

Нето-извозници сме само кај овошјето, зеленчукот, пијалаците и тутунот, додека кај сите други производи сме нето-увозници.

4.1 Ефектите од системската поддршка упатуваат на тоа дека доколку земјоделскиот сектор ја немаше буџетската поддршка, резултатите ќе беа многу понеповолни од прикажаните. Со нивна помош производството се задржа на прикажаното ниво. Едноставно, субвенциите покрија дел од неповолниот ценовен диспаритет во оваа дејност. На една страна е ценовниот притисок од конкурентно ниски цени и од далеку повисоко субвенционираното земјоделско производство во земјите конкуренти, наспроти порастот на цените на индустриските производи, односно цените на суровините и репроматеријалите во производниот процес.

Сепак, расположивите средства за буџетска поддршка на земјоделството, налага соодветни решенија во сите клучни сегменти на агроекономијата, со цел брзо преструктуирање и прилагодување кон глобалните процеси, односно потреба од системски решенија кои треба да стимулираат конкретни активности во производството, квалитетот и квантитетот, со што ќе се обезбеди повисок степен на конкурентност на либерализираниот пазар.

Иницијатива за укинување на мерка донесена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (бр. 02-1414/1 од 28.5.2020 година) и враќање на претходно утврдениот начин на контрола и вршење на анализи на храната од неживотинско потекло. (јуни, 2020 година)

Иницијатива за зголемување на цената за ускладиштување (складирање) на житни култури. Членките на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија бараат измена на Уредбата за утврдување на висината на надоместокот на трошоци на складиштарите за складирање, чување и обновување на стоковните резерви („Службен весник  на РСМ“, бр. 39/10, 23/14, 144/14, 173/14 и 181/19) и тоа - измена на висината на надоместокот од 20,00 денари на 75,00 денари - за чување на количини на месечно ниво и надоместокот од 31,00 денар на 90,00 денари - за фумигација (еднаш годишно).Истовремено, Групацијата бара и измена на Уредбата за начинот за утврдување на максималните количини и вредности на загубите во поглед на хемиските и физичките својства на стоката преку кало, растур, кршење, расипување и евапорација во работењето со стоковните  резерви („Службен  весник на РМ“ бр 39/10) (февруари, 2020 година)

Иницијатива за продолжување на одлука за укинување на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо заради продолжување на мерката воведена со Oдлука на Владата на Република Северна Македонија (мај, 2020 година)

Иницијатива за исплата на субвенции поврзано со Уредбата за изменување и дополнување за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година, донесена од страна на Владата на РСМ одржана на 17.05.2020 година, и тоа

За подмерка 2.3 Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко  од Мерките за дополнителна поддршка за развој на земјоделството (државна помош во земјоделството) од Програмата за финансиска поддршка на земјоделието 2020, за поднесените податоци за перидот заклучно со Септември 2019та; и
За подмерка 121.1. Набавка на добидок од Мерките а финансиска поддршка на руралниот развој од Програмата за поддршка на руралниот развој за 2020 година
(мај, 2020 година)

Иницијатива и Предлози во однос на Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2020 година. Како резултат на новонастанатата состојба со пандемијата предизвикана од вирусот Ковит-19, производителите на риба се во многу тешка состојба.  Работат со загуба и се принудени да го намалат производството како и бројот на вработени. Финансиските средства предвидени од Програмата за финансиска подршка во рибарството и аквакултурата од 2019 година во овој момент се итно потребни на домашните рибници. Истите имаат реализирани инвестиции и поднесени барања за исплата, како и барања за субвенции за произведен подмладок. Членките на Групацијата за рибарство, како дел од Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија бараат што е можно побргу да им се исплатат бараните средства, во спротивно  истите ќе бидат принудени целосно да го стопираат овогодинешното производство. Продажбата  е значително намалена а домашните производители се принудени да ја намалат исхраната на рибата во рибниците како би се избегнале уште поголеми трошоци. (април, 2020 година)

team-2

18.07.2024

ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СМ ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТНАТА АКТИВНОСТ „БИООТПАДОТ ВО МАКЕДОНИЈА – МАПИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ И ИЗНАОЃАЊЕ РЕШЕНИЈА“

Во организација на Асоцијацијата на биогасни централи и производители на биомаса во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од проектната активност „Зголемување н...

team-2

09.05.2023

Со иновативно капаче поблиску до „Свет без отпад“ – безалкохолните пијалаци на Пивара Скопје во нова еколошка амбалажа

Раководејќи се од својата долгорочна стратегија за одржлив развој, Пивара Скопје ја промовираше најновата иновација во ПЕТ-амбалажата на пијалаците од своето портфолио која ќе придонесе за з...

team-2

18.07.2024

ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СМ ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТНАТА АКТИВНОСТ „БИООТПАДОТ ВО МАКЕДОНИЈА – МАПИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ И ИЗНАОЃАЊЕ РЕШЕНИЈА“

Во организација на Асоцијацијата на биогасни централи и производители на биомаса во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од проектната активност „Зголемување н...

team-2

09.05.2023

Со иновативно капаче поблиску до „Свет без отпад“ – безалкохолните пијалаци на Пивара Скопје во нова еколошка амбалажа

Раководејќи се од својата долгорочна стратегија за одржлив развој, Пивара Скопје ја промовираше најновата иновација во ПЕТ-амбалажата на пијалаците од своето портфолио која ќе придонесе за з...


Контакт лице: Васко Ристовски
оперативен директор за развој, иновации и знаење

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: vasko@mchamber.mk