„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Главна цел поради која се формираше Советот за ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор е поврзување на понудата и побарувачката на работна сила со квалификации, вештини и практично искуство и обезбедување стручен и квалификуван кадар со II, III и IV ниво на квалификации согласно на потребите на бизнисот.
Во рамките на Советот за развој на тренингот и обуките делуваат четири организациони целини:
1. Берзата на трудот која својата цел ќе ја остварува преку воспоставување функционална платформа за поврзување на понудата и на побарувачката на веб-порталот на Комората, ќе овозможи поврзување на компаниите кои имаат потреба од кадар со лицата кои сакаат да се вработат и преку регистарот на експерти.
2. Центарот за дуално образование својата цел ќе ја остварува преку консултации и советодавни услуги на компаниите за вклучување во процесот на дуално образование и вмрежување на компаниите со средните стручни училишта за реализација на дуалното образование и на учењето преку работа во компаниите; обука на ментори во компаниите каде што се реализираат дуалното образование и учењето преку работа; верификација на компаниите за практична обука на ученици; коментари, мислења и предлози во однос на законската регулатива за примена на дуалното образование, како и преку соработка со надлежни органи и институции за застапување на интересите на нашите членки.
3. Центарот за преквалификација и доквалификација својата цел ќе ја реализира преку изработка на анализи и на истражувања за потребниот кадар на компаниите; изработка на програми за квалификации и реализација на обуки за програмите врз основа на анализите или на барање на компаниите и обезбедување советодавни услуги за компаниите за отворање центри за обука за доквалификација и за преквалификација во согласност со законот.
Центарот за тренинг и обука својата цел ќе ја реализира преку реализација на обуки и работилници за унапредување на знаењата и трансферзалните/ специфичните вештини на вработените во компаниите и за стручно оспособување; организација на промотивни настани, јавни дебати, тркалезни маси и на конференции од делот на образованието и поттикнување примена на европските правила и стандарди за перманентно функционално образование и за иновација на знаењата на стручниот кадар.