„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
28.03.2022
Предлог законот содржи 6 члена.
Членот 1 предвидува измена на постоечкиот член 46 од законот во насока на намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено работно време, трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време по сила на закон и ислучок од овие правила кога станува збор за замена на отсутен работник поради боледување, бременост, раѓање и родителство. Согласно предложеното решение, договор за вработување може да се склучи на определено време за вршење на работи кои по својата природа траат определено време, со прекин или без прекин до шест месеци. Работниот однос заснован со договор за вработување на определено време, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на наведениот рок. По исклучок, договор за вработување на определено време за замена на привремено отсутен работник поради боледување, бременост, раѓање и родителство може да се склучи до враќање на привремено отсутниот работник.
Членот 2 предвидува намалување на периодот од осум на пет месеци, за кој една работа може да смета како сезонска работа.
Членот 3 предвидува намалување на времетраењето на пробната работа од четири на два месеци.
Членот 4 предвидува измена на членот 109 став (2), при што се предвидува платата наместо најдоцна 15 дена, да се исплаќа најдоцна 5 дена по изминувањето на исплатниот период.
Членот 5 предвидува рок за усогласување на останатите закони, општи колективни договори, колективните договори на ниво на гранка, односно оддел и колективните договори на ниво на работодавач кои зависат од измените кои ги предвидува овој предлог-закон.
Членот 6 предвидува законот да влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, без вообичаениот уставен рок за vacatio legis.