„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
09.07.2024
Цели, начела и основни решенија:
Целта на измените во Законот за здравствената заштита e: - да се воспостави поефикасно и поефективно организирање и раководење на работата во установите со организациска поставеност во која има двајца директори како работоводен орган и да се намалат трошоците поврзани со платите и другите трошоци за нивно работење во јавните здравствени установи: здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт. Предлогот на закон за изменување на Законот за здравствената заштита се заснова на истите начела на кои се заснова и Законот за здравствената заштита. Во Предлогот на закон е содржано следното основно решение:
укинување на решението двајца директори да бидат именувани во здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт.