„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

22.03.2022

 Предлог законот содржи 5 члена. 
Членот 1 предвидува измена на член 58 став 2 од Законот за јавните патишта во насока на определување на висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат (патарина) со закон.
Членот 2 предвидува додавање на седум нови членови во законот и тоа, 58-а, 58-б, 58-в, 58-г, 58-д, 58-ѓ, 58-е, а со кои се утврдува бројот на патарини, висината на износот на патарините на секоја од нив поединечно во денари и евра и начинот на плаќање на патарините. 
Членот 3 предвидува начинот на наплата на патарина електронски со безконтактни смарт картици и со уред за електронска наплата на патарина, да се имплементира во неколку фази, по создавање на технички услови за нивна имплементација.
Членот 4 предвиува престанување на важност на Одлуката за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат (патарина).
Членот 5 предвидува законот да влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, без вообичаениот уставен рок за vacatio legis.